Порасна бројот на заразени во Италија, помал е бројот на починати


 

Бројот на починати од Ковид-19 во Италија денеска изнесува 78, што е благ пад од вчерашните 92, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Меѓутоа, порасна бројот на новозаразени 397, за разлика од вчера кога имаше 300, пенесе Ројтерс.

Вкупниот број починати во Италија изнесува 32.955, наведе Агенцијата, што е трет најголем во светот по САД и Британија.

Вкупниот број на заразени порасна на 230.555, или шеста во светот.

На одделенијата за интензивна наега се 521 пациенти, што е за дваесет помалку од вчера.

Од корона вирус вкупно се излечија 144.658.

Во Италија вкупно се тестирани 2,253 милиони луѓе.