Јужна Кореја – најголем пораст на заразени во последните 50 дена


Магацинот „Купанг“ стана жариште на инфекцијата (Фото: Ројтерс)

Јужна Кореја објави најголем дневен скок на инфекциите од корона вирусот за речиси 50 дена. Откривањето на нови 40 случаи предизвика тревога во земјата во која милиони деца се враќаат на училиште. Сите освен четири случаи потекнуваат од густо населеното метрополитанско подрачје во Сеул, каде што официјалните лица се обидоа да спречат преноси поврзани со ноќни клубови, караоке соби и магацин за е-трговија.

Најмалку 36 случаи се поврзани со магацинот „Купанг“, кој беше затворен за дезинфекција во понеделникот. Сите 3.600 луѓе кои работат таму се тестираат за вирус. „Купанг“ уживаше во голем пораст на бизнисот, бидејќи Јужнокорејците остануваа на затворено, иако некои од неговите работници се жалеа на условите.

„Ние сме многу нервозни за инфекциите во заедницата и внимаваме на ситуацијата“, рече заменик-министерот за здравство Ким Канг-лип на брифингот.

Три случаи беа поврзани со меѓународни пристигнувања. Јужна Кореја, исто така, стави во затвор маж на четири месеци поради кршење на карантинските правила. Тоа е првата ваква затворска казна во земјата.