Франција: Продолжува да расте бројот на жртви од Ковид-19


 

Вкупниот број починати од корона вирус во Франција порасна денеска за 73 на вкупно 28.530.

Тоа е сличен раст како и претходниот ден, покрај тоа што здравствените власти продолжија по четиридневен прекин да ги сметаат и починатите во домовите за стари.

Министерството за здравство во соопштението наведе дека бројот на починати во болниците порасна за 83 на 18.195, но намален е бројот на починати во домовите за стари за 10 во однос на претходните податоци, па вкупниот број на починати таму е 10.335, пренесе Ројтерс.

Франција со вкупно 28.530 починати е на четврто место во светот по САД, Британија и Италија.

Бројот на заразени од корона вирус порасна за 276 денеска, на вкупно 145.555, додека бројот на пациенти на одделенијата за интензивна нега падна во однос на вчера на 1.555 од 1.609.