Сексуалните работници бараат укинување на забраната, претставија „хигиенски концепт“


Сексуалните работници во Германија претставија сопствен „хигиенски концепт“ и побараа укинување на забраната за воведените мерки поради епидемијата од корона вирус.

Забраната за работа на сексуалните работници, вклучително и борделите, мора да биде укината, побара Германската федерална асоцијација на сексуални работници во отворено писмо, повикувајќи се на падот на стапката на пренос на вирусот.

Писмото е упатено до 16 пратеници во парламентот, кои неодамна бараа трајно да се забрани работата на оние кои пружаат сексуални услуги.

„Сексуалната индустрија мора повторно да почне да заработува и да понуди на муштериите добра услуга, што е човечки и ним им е потребно“, се вели во објаснувањето на од Асоцијацијата.

Тие реагираа и на обвиненијата на парламентарците дека тие се „суперпреносници на заразата“ затоа што сексуалната работа не овозможува социјална дистанца, истакнувајќи дека таквиот термин не само што е навредлив, туку е и погрешен.

Сметаат дека тоа е само прикриен начин на парламентот трајно да го укине нивниот сектор и истакнуваат дека условите меѓу клинетот и сексуалниот работник често се како оние кај козметичарот или самонот за масажа.

Во Германија во средината на март беше донесена одлука привремено да се затворат рестораните, базените, салоните за убавина… Како што паѓаше стапката на зараза, така се бараа ублажување на мерките, а државата дозволи отворање на рестораните, базените и самоните за масажа.