Федерика Могерини најде нова работа – ќе биде ректор на Колеџот на Европа во Бриж


Поранешната висока претставничка и министерка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини е назначена за ректор на Колеџот на Европа и ќе ја преземе новата функција на 1 септември, објави денеска колеџот.

Нејзиното назначување беше одобрено од огромно мнозинство членови на Советот на колеџот, а еден беше воздржан, пренесува Политико.

Советот, највисокото извршно тело на Колеџот, го води поранешниот претседател на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, а Могерини беше избрана и покрај противењето на некои предавачи и претставници на ЕУ, кои веруваат дека таа не е квалификувана за работата и не ги исполнува критериумите.

Таа беше избрана денес, откако беше претставена пред Советот како единствена кандидатка за таа позиција и ќе биде првата жена ректор на колеџот со седиште во Бриж, Белгија и на кампусот во Полска.

Минатата година за избор на ректор се пријавиле 30 кандидати, а условите биле магистерска диплома, пренесува Танјуг.

Познато е дека Могерини е заинтересирана за таа работа откако Европската комисија го објави официјалното одобрување на нејзината апликација на 22 април.