Трамп се израдува што магазинот „Атлантик“ отпушта новинари


Американскиот претседател Доналд Трамп го поздрави намалувањето на вработените во „Атлантик“, едно од најстарите и најпознатите списанија во САД:

„Одлична вест: здодевното, но многу гадното списание, ‘Атлантик’, брзо пропаѓа, се спушта низ цевките, и штотуку беше принудено да објави дека отпушта најмалку 20% од својот персонал, па ќе куца во иднината. Ова е тешко време да се биде во бизнисот на лажни вести!“

Невработеноста во САД минатата недела изнесуваше 14,7 отсто – најлоши бројки од кога е започнато да се води евиденција.