Антарктикот е единствен континент каде нема позитивен случај на Ковид-19


Додека целиот свет се бори да го спречи ширењето на новиот корона вирус, Антарктикот е единствениот континент што нема ниту еден позитивен случај, што несомнено се должи на неговата географска изолација, но и на брзите одлуки на надлежните.

Властите целосно го откажаа туризмот, евакуирани е персоналот кој не е потребен и забранет е контакт помеѓу членовите на меѓународните бази. На Антарктикот 29 земји имаат свои бази.

Чиле го намали својот персонал на Антарктикот на минимум односно на десет лица во воената база Ескудеро во Јужните Шетландски Острови. Во близина се и една од петте руски бази, како и мисиите на Уругвај, Кореја и Кина. Тие често го заедно растоваруваат, се рекреираат заедно, а слават и  националните празници и родендени. Но, стравот од новиот корона вирус го прекина целосно физички контакт меѓу членовите на базите.

Уругвај го намали бројот на персонал во неговата база Атригас на девет лица.

Воспоставени се строги здравствени протоколи, а посетите се ограничени на итни случаи.

– Ако некој се разболи од Ковид-19, тоа ќе биде катастрофално за нас. Затоа преземаме превентивни мерки. Се чувствуваме како да сме изолирани во изолација. Превенцијата е многу подобра од лек, истакна Прадеп Томар, доктор на истражувачка мисија во индиска база Бахати.

Од април, на Антарктикот настапи студена зима и сонцето исчезна. Временските услови овозможуваат само неопходно патување. Персоналот на тој начин беше изолиран, а прогласувањето на пандемија дополнително ги засили контролите.

Антарктикот, исто така, имаше среќа што пандемијата се совпадна со крајот на туристичката сезона, кога континентот го посетуваат годишно околу 50.000 луѓе кои доаѓаат на бродови за крстарење за да гледаат пингвини и да уживаат во недопрената природа.