Околу 80 отсто од Американците во Бајден гледаат победник на изборите


САД– Речиси 80 ​​проценти од Американците, вклучувајќи и над 50 отсто од републиканците, го признаваат кандидатот на демократите Џозеф Бајден за победник на претседателските избори во САД, покажуваат резултатите од анкетата на Ројтерс и Ипсос. Во анкетата, спроведена меѓу саботата и вторникот, 79,7 проценти од Американците со право на глас сметаат дека Бајден победил во […]

Експерт од Оксфорд: Животот ќе се врати во нормала напролет


Откако „Фајзер“ соопшти дека нивната вакцина против Ковид-19 е ефикасна, Џон Бел, професор по медицина на Универзитетот во Оксфорд, рече дека тимот на „Фајзер“ демонстрирал „чудесна ефикасност“ и истакна дека светот може да се врати во нормала напролет. – Јас сум првиот што тоа ќе го кажам, со самодоверба, животот ќе се врати во нормала […]

Џо Бајден се фати за телефонот и ги повика европските лидери


Тимот на избраниот претседател одби да објави по кој редослед Бајден ги побарал европските лидери   За неколку европски лидери заврши чекањето за разговор со Џо Бајден. Првиот повик на новоизбраниот претседател на САД до странски шеф на владата беше во понеделникот кај канадскиот премиер Џастин Трудо, но европските лидери не мораа да чекаат премногу […]

Меркел повика на реформа на Шенген зоната: Многу е важно да знаеме кој ја поминува границата


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа итно треба да ја реформира својата Шенгенска зона на отворени граници, во светло на неодамнешните терористички напади. „Сакам да го променам системот на влез и излез од Шенгенската зона кој би требало да биде подготвен во 2022 година“, изјави таа по состанокот со останатите европски челници. Меркел појасни […]

Фаучи: Ќе ја примам вакцината на „Фајзер“, имам доверба во таа компанија


Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи денеска изјави дека ќе ја прими вакцината против коронавирус на компанијата „Фајзер“, доколку биде одобрена од Агенцијата за храна и лекови (ФДА). Тој потенцираше дека има доверба во таа компанија како и во Агенцијата. – И верувам на компанијата Фајзер. Имам доверба во ФДА. Тие се мои колеги со децении, научници […]

Лајен: Утре договор за 300 милиони дози од најперспективната вакцина


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен соопшти дека Европската комисија на утрешниот состанок на сите комесари ќе одобри договор за набавка на најмногу 300 милиони дози од вакцината што ја развија германската компанија „Бајонтех“ и американската „Фајзер“. – Ова е најперспективната вакцина досега. Кога оваа вакцина ќе стане достапна, нашиот план е да ја примениме брзо насекаде […]

Фокс њуз прекина говор на портпаролката на Белата куќа (видео)


 Телевизијата Фокс њуз синоќа го прекина емитувањето на говорот на Кејли Мекенани, портпарол на Белата куќа, поради тврдењата дека демократите охрабрувале лажно и незаконско гласање, а не покажала докази за тоа.  -Во Америка постои само една партија која не им дава на набљудувачите да влезат во собата каде што се бројат гласовите, и таа партија, […]

Ерменија ја изгуби војната, руски миротворци дојдоа во Нагорно Карабах


Според мировниот договор постигнат со посредство на Путин, Азербејџан ги задржува освоените територии во Карабах. Во Баку се слави, во Ереван толпи луѓе влегоа во парламентот обвинувајќи за предавство   Ерменија, Азербејџан и Русија потпишаа договор за ставање крај на воениот конфликт околу спорната енклава Нагорно Карабах. Ерменскиот премиер Никол Пашинијан го нарече договорот „неверојатно […]

Министерот за внатрешни работи на Естонија поднесе оставка по коментарите за американските избори


Претседателските избори во САД однесоа друга политичка жртва: министерот за внатрешни работи на Естонија, Март Хелме. Хелме од крајната десничарска партија ЕКРЕ, објави дека си поднесува оставка откако коментарите што ги даде за изборите беа остро критикувани од владините колеги. „Гледајќи ги клеветите и лагите произведени од естонските медиуми, решив да си дадам оставка минатата […]

Путин: Сите руски вакцини против корона вирус се ефикасни


Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека сите руски вакцини против Ковид-19 се ефикасни и најави дека Русија наскоро ќе регистрира трета вакцина против корона вирусот, пренесе РИА. Путин рече дека Москва е подготвена да соработува со сите други земји за вакцини против коронавирусот, но притоа повика овие процеси да не се политизираат. Изјавата на […]

Саеб Ерекат, главниот палестински преговарач, почина од Ковид-19


Саеб Ерекат, искусниот палестински преговарач за мир и една од најпознатите личности во неговото раководство од раните 90-ти, почина по заразувањето со корона вирус. Ерекат, пратеник од Ерихон во окупираниот Западен Брег, беше висок советник на палестинскиот претседател Махмуд Абас и исто така работеше за претходникот на Абас, Јасер Арафат. Тој служеше како генерален секретар […]

Трамп: Ја криеја вакцината за да не победам


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веста за ефикасноста на вакцината против Ковид-19 е објавена по претседателските избори, само за тој да не победи. Агенцијата за лекови (ФДА) требаше порано да објави, не од политички причини, туку за да можат да се спасат животи, напиша Трамп на Твитер. Во серија твитови Трамп напиша дека американската […]

ФДА одобри експериментален лек против корона вирус


Американската Управа за храна и лекови (ФДА) синоќа го одобри експерименталниот третман за лекување со антитела во итни случаи кај пациенти постари од 65 години, кои освен корона вирус имаат и друга болест. Британските медиуми наведуваат дека дополнителен услов е тие да не се хоспитализирани. ФДА соопшти дека одлуката е поткрепена со клинички испитувања што […]

Терористи обезглавија 50 луѓе во Мозамбик


Исламски терористи обезглавија 50 луѓе во северниот дел на Мозамбик, објавија локалните медиуми. Група екстремисти, поврзани со Исламистичка држава, отворилке оган врз жителите на неколку села, а потоа преживеаните ги одвеле во фудбалското игралиште во селото Муатиде, каде ги обезглавиле. Во провинцијата Кабо Делгадо  судирите со екстремистичката група траат неколку денови.

Поранешниот боливиски претседател, Ево Моралес, се врати во земјата по едногодишниот егзил


Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, се врати во земјата од егзилот во Аргентина и веднаш тргна на тридневно патување од 1.000 километри до неговото упориште во централниот дел на земјата. -Дел од мојот живот остана во Аргентина, по 11 месеци прогонство, рече поранешниот претседател, кој пешки го мина делот од границата меѓу градот Ла […]

Трамп: Ќе победиме во Џорџија, откриваме шокантни работи


Американскиот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп тврди дека ќе оствари голема победа на изборите во државата Џорџија. „Џорџија ќе биде голема претседателска победа, како што беше во изборната вечер“, напиша Трамп на Твитер. Тој се осврна и на ситуацијата во Невада, за која рече дека испаднала „септичка јама на лажни гласови“. Трамп наведе дека […]

Борел ја поздрави победата на Бајден: Шанса за нова пријателска соработка со САД


Белгија – Шефот на европската дипломатија, Јозеп Борел, ја поздрави победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД и оцени дека заминувањето на американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја отвора вратата за соработка на ЕУ со американски претседател „кој Европа не ја гледа како непријател“. Борел на својот блог напиша дека ќе отстапи од вообичаениот […]

Американскиот министер за правда, Вилијам Бар, побара истрага за наводите за изборни нерегуларности


САД – Американскиот министер за правда, Вилијам Бар, ги овласти федералните обвинители низ САД да ги испитаат наводите за неправилности за време на гласањето, доколку има такви, пред да се потврди исходот од претседателските избори во САД, поради што главниот советник за изборни нерегуларности поднесе оставка. Бар, меѓутоа, додаде дека ги овластил обвинителите да ги истражат […]

Тимот на Бајден ќе покрене правна постапка поради одложувањето објавување на победникот


САД – Тимот на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден синоќа соопшти дека размислува да покрене правна постапка против доцнењето на државните служби при прогласувањето на демократскиот кандидат за победник на изборите во САД. Државната изборна комисија обично прогласува кандидат за претседател кога ќе стане јасно дека тој ја освоил власта, по што може да започне […]

Мал пад на бројот на новозаразени во Кина, повеќето увезени


Кина- Во Кина се потврдени 22 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е намалување во споредба со претходниот ден кога имаше 33, соопшти Националната здравствена комисија. Од вкупниот број нзаразени, само еден е од локален пренос во Шангај, додека 21 се увезени случаи. Регистрирани се и 25 нови асимптоматски случаи, кои не влегуваат […]