Терористи обезглавија 50 луѓе во Мозамбик

Исламски терористи обезглавија 50 луѓе во северниот дел на Мозамбик, објавија локалните медиуми.

Група екстремисти, поврзани со Исламистичка држава, отворилке оган врз жителите на неколку села, а потоа преживеаните ги одвеле во фудбалското игралиште во селото Муатиде, каде ги обезглавиле.

Во провинцијата Кабо Делгадо  судирите со екстремистичката група траат неколку денови.