Шведско затворање, по првпат во пандемијата – нема продажба на алкохол по 22 часот


По првпат од почетокот на пандемијата, Шведска воведе делумно „затворање“, во рамки на што е забрането баровите и рестораните да продаваат алкохол по 22 часот, пренесува Блумберг. Новите ограничувања ќе се применуваат низ целата земја од 20 ноември, а тоа значи дека сите установи со лиценца за послужување алкохол мора да се затворат во 22:30 […]

Истанбул ќе биде домаќин на ЕП во атлетика во сала во 2023 година


Истанбул ќе биде домаќин во 2023 година на атлетското Европско првенство во сала, објавено е на веб-страницата на Европската атлетска асоцијација. Тоа ќе биде првпат Турција да биде домаќин на Европско првенство во атлетика. Натпреварите ќе се одржат во салата Атакој, што беше направена за Светското првенство во сала во 2012 година. Следното Европско првенство […]

Велика Британија: Бројот на починати од Ковид-19 намина 50.000


Бројот на починати лица од последиците на корона вирусот во Велика Британија денеска надмина 50.000, откако се регистрирани 595 нови смртни случаи, покажуваат владините податоци. Ова е најголем дневен пораст на бројот на смртни случаи од 12 мај, кога се регистрирани 614 смртни случаи. Така, вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата достигна 50.365. […]

(Фото/Видео) Трамп се појави во јавност – на дожд без чадор


  Претседателот на САД Доналд Трамп за прв пат по изборите се појави денеска во јавност. Тој, како што беше најавено, присуствуваше на церемонијата за одбележување на Денот на ветераните во придружба на сопругата Меланија Трамп потпретседателот Мајк Пенс. Трамп им оддаде почит на паднатите борци од Првата светска војна на гробиштата во Арлингтон. Интонирана […]

Трамп ја тужи државата Мичиген за да го спречи издавањето сертификат за победата на Бајден


Претседателската кампања на Доналд Трамп во средата го тужеше Мичиген за да ја блокира американската држава од сертифицирање на резултатите од изборите минатата недела, каде што претседателот е во големо заостанување зад Џо Бајден. Според жалбата поднесена до федералниот суд во западен Мичиген, многу луѓе поднеле потврди во кои се опишува наводно лошо однесување при […]

Џорџија ќе ги преброи гласовите, Бајден таму славеше во „мртва трка“


  Американската сојузна држава Џорџија најави дека ќе ги пребори гласовите од претседателските избори во кои Џо Бајден го победи Доналд Трамп. Изборите се одржаа пред осум дена, а Бајден во Џорџија славеше со 14.000 гласови предност (2.471.906 – 2.457.794). Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер рече дека глсовите ќе се пребројат откако адвокатите на […]

Зошто Трамп се плаши да ја напушти Белата куќа?


Она што е јасно е дека парите и слободата на Трамп се во игра. Како што ќе се соочи со поразот на изборите во 2020 година, тој ќе продолжи да реагира жестоко и непредвидливо, како човек кој веќе 74 години е навикнат да се извлекува скоро со што било   САД – Доналд Трамп е […]

Мерките за карантин во Белгија покажуваат резултати


Три недели по заострувањето на мерките и десет дена по воведувањето на вонредната состојба во земјата, бројот на новозаразени со коронавирусот во Белгија се намали за 46 проценти, соопшти Националниот институт за јавно здравје. Бројот на болнички лекувања падна за 23 проценти, а за првпат е регистриран и помал број на пациенти на интензивна нега. Бројот на смртни случаи продолжува драстично […]

ЕУ сака да изгради здравствена унија за спречување на идни епидемии


Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес го презентираше планот на Европската комисија за градење на заедничка здравствена Европска унија во која надлежните органи ќе имаат зајакнати капацитети да одговорат на здравствени закани во иднина, јави дописничката на МИА од Брисел. По тензиите во првиот бран со недостаток на медицинска опрема и третмани во дел од земјите […]

Германија до Унгарија – покажи „одговорност“


Големото прашање е сега дали договорот за буџет може да се спроведе наскоро, бидејќи сè уште треба да биде усвоен од земјите на ЕУ со едногласност. Унгарскиот премиер Виктор Орбан веќе се закани дека ќе го искористи своето вето, наведувајќи го несогласувањето со механизмот за поврзување на плаќањата со одредени критериуми за владеење на правото. […]

Австрија пред нов рекорд, речиси 9.000 заразени за еден ден


Во Австрија денеска се очекува нов рекорден број на новозаразени со корона вирусот, што може да биде нешто помалку од 9000. Според виенскиот дневен весник „Естерајх“, кој се повикува на „корона мониторот“ на Универзитетот во Виена, во последните 24 часа се регистрирани 8.905 новоинфицирани лица. Во текот на вчерашниот ден беа пријавени 6.120 нови случаи […]

Во Италија за еден ден починаа 580 луѓе од Ковид-19


Во Италија во изминатите 24  часа регистрирани се над 35.000 новозаразени со Ковид-19 и 580 смртни случаи. Во Ломбардија во изминатото деноноќие пријавени се 11.000 инфицирани луѓе со новиот коронавирус. Италијанските медиуми објавија дека забрзано се пополнуваат одделенијата за интензивна нега, каде во моментот се згрижени речиси 3.000 пациенти. Директорот на италијанскиот Висок институт за здравство […]

СЗО: Рекорден број новозаразени во светот за една недела


Бројот на нови случаи на корона вирус во светот минатата недела се зголеми за повеќе од 3,6 милиони, што е најголем број за една недела од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација. Бројот на смртни случаи во тој период се зголеми за 54.000, што е за 9.000 повеќе отколку во претходната недела, пренесува агенцијата […]

Сопругот на Камала Харис даде отказ од работа


САД – Даглас Имхоф, сопруг на новоизбраната американска потпретседателка Камала Харис, до јануари 2021 година ќе ги напушти сите свои работни обврски во ДЛА Пајпер, една од најголемите правни фирми во САД, за да се посвети на поддршка на новата администрацијата на Џо Бајден. Во соопштението од изборниот штаб на Бајден се вели дека Имхоф зел неплатено отсуство во август, веднаш откако […]

Макрон: Франција го поддржува Западен Балкан на патот кон ЕУ


Европската Унија и нејзините држави-членки прават многу за поддршка на економскиот и социјален развој на Западниот Балкан.Следствено, очекуваме земјите од Западниот Балкан исто така да го докажат својот ангажман во три области: да ја зајакнат соработката, да ги забрзаат структурните реформи со акцент на фундаменталните реформи како што се правната држава и економското владеење и […]

Австралиската полиција уапси 14 лица за злоупотреба на деца


Австралиската полиција уапси 14 лица под обвинение за производство и дистрибуција на материјали што содржат злоупотреба на деца во Австралија и во странство.Според австралиската федерална полиција, меѓу уапсените бил и поранешен вработен во центарот за згрижување деца. Истрагата, спроведена во соработка со американската Служба за внатрешна безбедност, откри 46 жртви во Австралија, од кои 16 […]

Во Европа од Ковид-19 веќе умреле над 300.000 лица


Англија– Низ цела Европа веќе има над 300.000 смртни случаи како последица на страшните ефекти од коронавирусот, покажуваат податоците до кои дојдоа британските медиуми. Според нив, иако во Европа живее само 10 проценти од светската популација, на „Стариот континент“ се регистрирани речиси четвртина од досега потврдените вкупно околу 1,2 милиони смртни случаи во светот. Британските […]

Демократите обезбедија мнозинство во Претставничкиот дом


САД – Демократската партија доцна синоќа обезбеди мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со најмалку 218 мандати освоени на изборите на 3 ноември. Иако демократите би можеле да освојат уште неколку места во Долниот дом на Конгресот, нивното мнозинство ќе биде помало во однос на претходниот состав. Како што пренесуваат американските медиуми, демократите може да изгубат 15 […]

Бионтек: Треба да се обезбеди чесна поделба на вакцината во светот


Германија – Угур Шахин, директорот на компанијата „Бионтек“, чиј тим експерти стои зад ветувачката вакцина против коронавирус, вели дека е важно да се обезбеди чесна поделба на вакцината низ целиот свет и дека тоа го очекува во првата половина на 2021 година кога ќе биде можно да се испорачаат 200 милиони дози во Европа и 100 […]

Нова смена во Пентагон: Оставка поднесе шефот за одбранбена политика Џејмс Андерсон, го менува генерал Ентони Тата


САД – Вршителот на должноста шеф на оделот за одбранбена политика на Пентагон, Џејмс Андерсон синоќа поднесе оставка и веќе е заменет со контроверзниот пензиониран американски генерал Ентони Тата, познат по своите исламофобични коментари и по тоа што поранешниот претседател  на САД, Барак Обама, го нарече „терористички лидер“, наведуваат американските медиуми. Андерсон поднесе оставка само еден […]