Австрија пред нов рекорд, речиси 9.000 заразени за еден ден

Во Австрија денеска се очекува нов рекорден број на новозаразени со корона вирусот, што може да биде нешто помалку од 9000.

Според виенскиот дневен весник „Естерајх“, кој се повикува на „корона мониторот“ на Универзитетот во Виена, во последните 24 часа се регистрирани 8.905 новоинфицирани лица.

Во текот на вчерашниот ден беа пријавени 6.120 нови случаи на инфекција со корона вирус.

Во моментов, хоспитализирани се 2.755 пациенти со Ковид-19, од кои 473 се на интензивна нега.