Австралиската полиција уапси 14 лица за злоупотреба на деца

Австралиската полиција уапси 14 лица под обвинение за производство и дистрибуција на материјали што содржат злоупотреба на деца во Австралија и во странство.Според австралиската федерална полиција, меѓу уапсените бил и поранешен вработен во центарот за згрижување деца.

Истрагата, спроведена во соработка со американската Служба за внатрешна безбедност, откри 46 жртви во Австралија, од кои 16 се од центар за згрижување деца, пренесува Ројтерс. Осомничените, наводно, биле поврзани на интернет-форуми во Европа, Азија, САД, Канада и Нов Зеланд.

Полицијата не исклучи можност и за нови апсења. Пред една недела, австралиските власти по едногодишна истрага обвинија 44 лица за поседување и производство на материјал за злоупотреба на деца.