Мерките за карантин во Белгија покажуваат резултати


Три недели по заострувањето на мерките и десет дена по воведувањето на вонредната состојба во земјата, бројот на новозаразени со коронавирусот во Белгија се намали за 46 проценти, соопшти Националниот институт за јавно здравје.

Бројот на болнички лекувања падна за 23 проценти, а за првпат е регистриран и помал број на пациенти на интензивна нега.

Бројот на смртни случаи продолжува драстично да расте, и само во последните 24 часа Белгија регистрирани се 345 смртни случаи.

Во Белгија од 19 октомври во сила е полициски час, кафулињата и рестораните се затворени, а од 2 ноември затворени се сите продавници кои не се неопходни, како и објектите наменети за култура и спорт.

Во последната недела, Белгија бележеше околу осум илјади новоинфицирани со Ковид-19 дневно, додека тој број достигна до 20 илјади во средината на октомври.

Во просек, дневно во болница се примаат 536 пациенти.

Бројот на смртни случаи скокна за 35 проценти во последната недела во споредба со крајот на октомври.

Од почетокот на епидемијата во Белгија вкупно се заразиле повеќе од половина милион луѓе, а починале 13.561 лице.