Сопругот на Камала Харис даде отказ од работа


САД – Даглас Имхоф, сопруг на новоизбраната американска потпретседателка Камала Харис, до јануари 2021 година ќе ги напушти сите свои работни обврски во ДЛА Пајпер, една од најголемите правни фирми во САД, за да се посвети на поддршка на новата администрацијата на Џо Бајден.

Во соопштението од изборниот штаб на Бајден се вели дека Имхоф зел неплатено отсуство во август, веднаш откако Џо Бајден објави дека Камала Харис е неговиот избор за потпретседател на САД.

Најавено е дека сопругот на новоизбраната потпретседателка ќе ги прекине сите врски со неговата компанија ДЛА Пајпер до инаугурацијата на Џо Бајден на 20 јануари 2021 година.

Камала Харис и Даглас Имхоф се во брак од 2014 година, кога таа ја извршуваше должноста државен обвинител во Калифорнија, по што во 2017 година беше избрана за сенатор во американскиот Конгрес.