Џорџија ќе ги преброи гласовите, Бајден таму славеше во „мртва трка“


 

Американската сојузна држава Џорџија најави дека ќе ги пребори гласовите од претседателските избори во кои Џо Бајден го победи Доналд Трамп.

Изборите се одржаа пред осум дена, а Бајден во Џорџија славеше со 14.000 гласови предност (2.471.906 – 2.457.794).

Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер рече дека глсовите ќе се пребројат откако адвокатите на Трамп го побараа вчера. Се работи за 5 милиони гласачки ливчиња од кои речиси сите се пребројани, но државите имаат рок до петок конечно да ги потврдат гласовите.

На Трамп освојувањето на Алјаска ништо не му значи

Денеска беше потврдено дека Трамп ја освои Алјаска и доби три нови електроски гласа, но тоа не менува ништо. Сега има 214, 76 помалку од Бајден кој има 290.

Џорџија, која традиционални е наклонета на републиканците, има важна улога во рамнотежата на моќта меѓу демократите и републиканците во новиот Сенат. Двете места кои Џорџија ги пополнува во Сенатот одат во трката во вториот изборен круг на 5 јануари, затоа што, според сегашните преборјани гласови, во ниедна трка ниеден кандидат не освоил над половина од мнозинството.