Путин: Сите руски вакцини против корона вирус се ефикасни


Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека сите руски вакцини против Ковид-19 се ефикасни и најави дека Русија наскоро ќе регистрира трета вакцина против корона вирусот, пренесе РИА.

Путин рече дека Москва е подготвена да соработува со сите други земји за вакцини против коронавирусот, но притоа повика овие процеси да не се политизираат.

Изјавата на Путин дојде еден ден откако производителите на вакцини американската компанија „Фајзер“ и германската БиоНТек“ соопштија дека нивната вакцина против корона вирус е ефикасна повеќе од 90 проценти.