Трамп: Ја криеја вакцината за да не победам


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веста за ефикасноста на вакцината против Ковид-19 е објавена по претседателските избори, само за тој да не победи.

Агенцијата за лекови (ФДА) требаше порано да објави, не од политички причини, туку за да можат да се спасат животи, напиша Трамп на Твитер.

Во серија твитови Трамп напиша дека американската Агенција за лекови и Демократската партија пет дена чекале да објават за ефикасноста на вакцината бидејќи не сакале тој да победи благодарение на вакцината.

– Ако Бајден беше претседател немаше да има вакцина уште четири години, ниту ФДА би ја одобрила толку брзо. Бирократијата би уништила милиони животи, напиша Трамп.

Тој ги обвини и медиумите поради „прогноза на изборните резултати“ и оти тоа претставува мешање во изборите „и би требало да бидат прозвани поради тоа“.

Американската фармацевстка компанија „Пфазер“ и германската „Бионтех“ соопштија дека дека нивната експериментална вакцина против Ковид-19 има ефикасност од 90 отсто и оти вакцината нема сериозни несаакани ефекти.