Она што беше под контрола на Курдите, сега веќе не е: Најавено е влегување на сириски трупи во северозападниот дел на земјата


  Сириските владини сили беа распоредени во град контролиран од Курдите на североистокот на земјата во понеделник, што е прв чекор кон спроведување на договорот за прекин на огнот поддржан од САД. Договорот, објавен во петок, 30 јануари, ја спречи можноста за понатамошен конфликт меѓу владата на претседателот Ахмед ал-Шара и Сириските демократски сили предводени […]

Марио Драги одржа „предупредувачки говор“: Може ли еден од најмоќните Европејци да го разбуди континентот?


Поранешниот претседател на Европската централна банка и човекот што ја спаси Еврозоната од големата криза, Марио Драги, одржа говор во кој се осврна на улогата на Европа во денешниот свет и изјави дека глобалниот поредок на кој бевме сведоци пред децении е мртов. Драги одржа говор за време на доделувањето почесна диплома на Универзитетот во […]

Педофилот Епштајн имал врски со руската тајна служба ФСБ


  Американскиот финансиер Џефри Епштајн, во чии резиденции биле злоупотребени најмалку 40 малолетни девојчиња, имал врски со ФСБ, наследникот на КГБ, и високи руски функционери. Можеби се сретнал и со Владимир Путин. Понатаму, Епштајн бил вклучен во „набавување“ руски девојки за членови на западната политичка и деловна елита, веројатно со цел собирање компромитирачки информации, објавува […]

Жртви на Епштајн бараат да биде отстранета веб-страницата со досиеата


  Адвокатите на жртвите на покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн побараа од двајца федерални судии во Њујорк да наложат итно отстранување на веб-страницата на Министерството за правда на САД што ги содржи досиејата на Епштајн, бидејќи објавените имиња и идентитети на жртвите не се редактирани. Адвокатите Британи Хендерсон и Бред Едвардс напишаа во писмо до […]

ЕК планира опремување на европскиот поморски сектор со 10.000 брода до 2030 година


 Европската комисија планира да го поддржи поморскиот сектор во ЕУ за набавка или надградување помеѓу 7.000 и 10.000 одржливи и дигитализирани бродови до 2035 година. Ова се наведува во предлог-документот на идната индустриска поморска стратегија на Европската комисија, кој сè уште е во изработка. Во документот се нагласува и потребата од зајакнување на воените морнарици […]

Уште еден изборен шок за републиканците во САД, овој пат во Тексас


  Демократот Тејлор Ремет го освои сигурниот републикански округ во државниот сенат во Тексас на специјалните избори во саботата, продолжувајќи низа изненадувачки победи за демократите низ САД во годината откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа. Републиканскиот претседател веднаш се дистанцира од поразот во округот што го освои со 17 поени разлика во 2024 […]

Најмалку 38 лица починале од смрзнување во Полска оваа зима


Заменик-министерот за внатрешни работи на Полска, Веслав Шчепањски, соопшти дека најмалку 38 лица починале од хипотермија во земјата оваа зима, што е двојно повеќе во споредба со истиот период минатата година. Шчепањски додаде дека се чекаат обдукции за уште две тела, па бројот на починати од cби можел да се искачи на 40. Тој исто […]

Еколошки групи иницираа петиција против укинувањето на законите на ЕУ


Неколку еколошки групи денека почнаа петиција за да се спротивстават на слабеењето на законите за природата и животната средина во ЕУ. Светскиот фонд за дива природа (WWF) и други организации ги повикуваат граѓаните ширум Европа да преземат акција против потезите на Европската комисија, за кои велат дека би можеле да ги поткопаат правилата за заштита […]

ЕУ се подготвува за отворање на Центар за хибридни закани


Европската комисија забрзано работи на дооформување на Центарот за хибридни закани, кој би требало официјално да биде отворен на 24 февруари на маргините на Советот за општи работи на ЕУ. Центарот, кој дел од иницијативата „Европски штит за демократијата“, е замислен како тело на ЕУ за борба против онлајн хибридните закани и мешањето во изборните […]

Трамп го затвора Кенеди центарот на две години. Ќе го реновирал


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави планови за привремено затворање на Центарот „Кенеди“ во Вашингтон поради големи реновирања, два месеца по контроверзното додавање на своето име на културната знаменитост. Трамп на својата платформа „Трут соушал“ изјави дека Центарот „Трамп Кенеди“ ќе се затвори во јули за речиси две години. Тој рече дека реновирањата ќе […]

Голем 24-часовен штрајк во Германија – јавниот превоз во колапс


Германија денеска е зафатена од голем штрајк во јавниот превоз, откако синдикатот Verdi повика на 24-часовен прекиин на работата во комуналните претпријатија за локален транспорт. Патниците кои користат автобуси, трамваи и подземна железница треба да се подготват за масовни доцнења и целосни откажувања во бројни германски градови, јавуваат германските медиуми. Штрајкот се одржува во рамки […]

Поранешен британски министер се повлекува од Лабуристичката партија поради нови врски со Епштајн


Лондон – Поранешниот британски министер Питер Манделсон се повлекува од Лабуристичката партија на премиерот Кир Стармер по новите извештаи за неговите врски со покојниот американски финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, објавија вчера медиумите. Манделсон, кој беше отстранет од Стармер минатата година од функцијата британски амбасадор во Соединетите Држави по откритијата за неговите врски со […]

Нови документи за Епштајн откриваат изобилство од е-пораки меѓу Меланија Трамп и Гислејн Максвел


Министерството за правда во петокот објави многу повеќе досиеја поврзани со истрагата за Џефри Епштајн, вклучувајќи и изобилство од размена меѓу Меланија Трамп и сега затворената соработничка на Епштајн, Гислејн Максвел. „Драга Г! Како си?“ Меланија започна еден очигледен е-мејл до Максвел, датирано од октомври 2002 година. „Убава приказна за списанието JE in NY. Изгледаш […]

Почина тинејџер, 41-ва жртва во пожарот во бар во Швајцарија. Одржан голeм протест


Кран Монтана -Бројот  на жртвите од катастрофалниот пожар во бар на новогодишната ноќ во швајцарски ски-центар Кран Монтана се искачи на 41, откако тинејџер повреден во несреќата почина во болница. Веста беше потврдена од канцеларијата на локалниот јавен обвинител денес, еден ден откако неколку стотици демонстранти маршираа низ Лозана барајќи „правда и вистина“ за жртвите […]

Синот на норвешката принцеза обвинет за повеќекратни силувања. Судењето наскоро ќе започне


Осло – Кога Мариус Борг Хоиби ќе се појави пред судот во Осло во вторник, на почетокот на она што се смета за најголемото судење во Норвешка во последниве години, тој нема да има морална поддршка од неговото најблиско семејство. Неговата мајка, крунската принцеза Мете-Марит, нема да биде присутна, ниту нејзиниот сопруг и норвешки наследник […]

Бил Гејтс проговори за е-пораките од досиејата на Епштајн во кои се споменува тој


Бил Гејтс, преку портпарол, остро ги отфрли најновите обвинувања што се појавија за неговата врска со Џефри Епштајн, по објавувањето на нови документи од страна на Министерството за правда на САД, објави Business Insider. Министерството за правда на САД во петокот објави повеќе од три милиони страници документи поврзани со Епштајн, вклучувајќи е-пораки од 2013 […]

Маск донирал 10 милиони долари за републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот


Вашингтон – Американскиот милијардер Илон Маск кон крајот на минатата година вложил 10 милиони долари во два големи републикански политички одбори, покажуваат најновите извештаи за финансирање на изборните кампањи, што укажува на негово повторно поактивно вклучување во републиканската политика, објави денеска „Политико“. Според извештајот, Маск, кој претходно изјави дека веќе потрошил доволно средства за политика, […]

Израел ги протерува „Лекари без граници“ од Газа


Тел Авив – Израел денеска соопшти дека има намера да ја запре работата на хуманитарната организација „Лекари без граници“ (MSF) во Појасот Газа. Министерството за дијаспора соопшти дека презело „чекори за прекин на активностите на `Médecins Sans Frontières` во Појасот Газа“. Како причина се наведува наводно прекршување на новата постапка за регистрација, при што организацијата е […]

Зеленски објави кога ќе започнат новите преговори со Русија и Америка


Киев – Новата рунда преговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД, ќе се одржи во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, в среда и четврток (4 и 5 февруари), најави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски нагласи дека Киев е подготвен за „суштинска дискусија“. Тој истакна дека информациите доаѓаат од украинскиот преговарачки тим кој денеска […]

Илјадници болни Палестинци чекаат да поминат низ граничниот премин што се отвора утре


Преминот Рафах помеѓу Египет и Појасот Газа е повторно отворен денес, но ограничувањата остануваат на сила, објавија израелските медиуми. Движењето на луѓе ќе биде дозволено од утре бидејќи сега се дискутираат безбедносните и оперативните процедури, објави израелскиот новински портал ynet, наведувајќи дека преминот во моментов е само „на пробна основа“. Израелска портпаролка го потврди извештајот, […]