Ирански функционер му се потсмева на Трамп поради растот на цените на нафтата


Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад-Багер Галибаф, го исмеа американскиот претседател Доналд Трамп поради заканата за блокада на иранските пристаништа, објавувајќи фотографија со цените на горивото во близина на Белата куќа. „Уживајте во сегашните цени. Со таканаречената блокада, наскоро ќе бидете носталгични по бензинот од 4–5 долари“, напиша Галибаф, кој беше учесник во неуспешните мировни разговори. […]

Млад човек фрли молотов коктел врз куќата на Сем Алтман


Полицијата пристигна во резиденцијата на раководителот на OpenAI во Норт Бич, САД, откако осомничен фрлил „запалива направа“ во неговиот дом околу 4 часот наутро. Еден маж е уапсен за наводно фрлено молотов коктел во домот на извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, и заканување дека ќе го запали седиштето на компанијата за вештачка интелигенција во […]

Мерц: Последиците од војната со Иран ќе ги чувствуваме долго време


Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес предупреди дека војната со Иран ќе има долготрајни последици за глобалната економија и дека Германија се подготвува за значителен и продолжен товар врз сопствената економија. „Последиците од оваа војна ќе се чувствуваат долго време, дури и откако ќе заврши“, рече Мерц на прес-конференција во Берлин. „Според тоа, се подготвуваме и […]

Иран: Американските мерки во Ормуска Теснина се „пиратство“


Иранските вооружени сили ги оценија американските ограничувања за бродовите во меѓународните води како „пиратство“, по заканата на Доналд Трамп за блокада на пловилата што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа. Портпарол на армијата изјави дека Иран ќе воведе „траен механизам“ за контрола на Ормуска Теснина, додавајќи дека пристаништата во Персискиот Залив треба да бидат достапни […]

Трамп остро го нападна папата Лав XIV по неговиот антивоен повик


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон папата Лав XIV, нарекувајќи го „ужасен“ во надворешната политика и „слаб во борбата против криминалот“. Во објава на платформата „Трут соушал“ (Truth Social), Трамп дополнително ги заостри односите со Ватикан. Трамп ги критикуваше ставовите на папата за глобалните конфликти, наведувајќи дека не сака поглавар кој […]

По масовните протести, Даблин ги намалува акцизите и го одложува еколошкиот данок


Даблин – Ирскиот премиер Михол Мартин најави дополнителни намалувања на акцизите на горивата и одложување на зголемувањето на данокот на јаглерод. На итна владина седница беше постигната согласност за реакција на енергетската криза која предизвика масовни протести низ земјата, пренесе ДПА. Вредноста на денешниот пакет изнесува околу 505 милиони евра и е дополнување на мерките […]

Папата Лав XIV ја започнува најдолгата посета на Африка во својот понтификат


Ватикан – Папата Лав XIV денеска ја започнува 11-дневната турнеја низ четири африкански држави – Алжир, Камерун, Ангола и Екваторска Гвинеја – што претставува најдолго патување во неговиот понтификат, кој започна пред помалку од една година. Ниту еден папа досега не го посетил Алжир, земја со околу 9.000 католици во претежно муслиманското население од речиси 47 […]

Демократите и некои републиканци го слават поразот на Орбан. Маск: Сорос ја презеде Унгарија


Американските демократи вчера го прославија изборниот пораз на унгарскиот премиер Виктор Орбан, додека сојузниците на претседателот Доналд Трамп и републиканците имаа мешани реакции на заминувањето на политичарот што го поддржуваше Трамп. Трамп отворено го поддржа Орбан пред гласањето, дури и кратко разговараше по телефон минатата недела на предизборен митинг во Унгарија, за време на посетата […]

Карни: Деновите кога нашата војска испраќаше 70 центи од секој долар во САД се завршени


Канадскиот премиер Марк Карни објави дека Канада ќе ја намали својата долгогодишна зависност од САД за воени трошоци и набавки, ветувајќи дека ќе ја зајакне домашната индустрија и ќе ги прошири глобалните партнерства. На националната конвенција на Либералната партија во Монтреал, Карни им рече на делегатите дека „поминаа деновите кога нашата војска испраќаше 70 центи […]

Обама: Победата на опозицијата во Унгарија е потсетник дека сите треба да продолжат да се борат за правда


„Победата на унгарската опозиција на вчерашните избори, како оние во Полска во 2023 година, е победа за демократијата, не само во Европа, туку и во целиот свет.     Пред сè, тоа е доказ за отпорноста и решителноста на унгарскиот народ, како и потсетник за сите дека мора да продолжиме да се залагаме за правда, […]

Унгарија ја одбра Европа, вели Урсула фон дер Лајен


Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен меѓу првите му честиташе на Петар Маѓар на изборната победа во Унгарија.  – Унгарија ја одбра Европа. А Европа секогаш ја одбиваше Унгарија. Земјата се врати на европскиот пат. Унијата стана посилна. Европското срце денеска чука посилно во Унгарија, напиша Фон дер Лајен на социјалните мрежи, на […]

„Њујорк тајмс“ за Орбан: Пораз на „светилникот на десницата“


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан, светилник на десницата, кој инспирираше популистички движења низ целиот свет, не можеше да го надмине растечкото незадоволство на своите граѓани, пишува „Њујорк тајмс“, наведувајќи дека Орбан денес го признал изборниот пораз на парламентарните избори. Унгарскиот премиер Виктор Орбан, ѕвездата-водилка за воините на културата на МАГА и десничарските популисти во Европа, […]

Тектонска промена во Унгарија. Орбан го призна тешкиот пораз и му честиташе на Маѓар


  Неизвесноста во Унгарија по денешните парламентарни избори заврши. Виктор Орбан кој 16 години владееше со земјата како премиер ги загуби изборите. И тоа е неверојатно голем пораз. Унгарските медиуми штотуку ја објавија веста дека Орбан му се јавил на лидерот на опозицската партија Тиса, Петер Маѓар, да му честита на победата. Оваа информација ја […]

Сега Трамп го блокира Ормускиот теснец: „Ние имаме толку многу нафта“


  Откако мировните преговори со Иран пропаднаа, претседателот Доналд Трамп во неделата нареди воена блокада на Ормускиот теснец од страна на САД и рече дека ако Иранците пукаат врз кој било брод, тие „ќе бидат РАЗНЕСЕНИ ВО ПЕКОЛОТ!“ „Веднаш стапува на сила морнарицата на Соединетите Американски Држави, најдобрата во светот, ќе го започне процесот на […]

Пристигнуваат резултатите од изборите во Унгарија, Орбан драматично губи


  Според преброени 37 отсто од гласовите на парламентарните избори во Унгарија опозициската партија Тиса на Петер Маѓар е пред голем триумф. Во овој момент Тиса има 132 места во парламентот, 59 ќе бидат за Фидес на премиерот Виктор Орбан, а 8 за националистичката Наша татковина. Тоа е само едно помалку од двотретинско мнозинство од […]

Затворени гласачки места во Унгарија, урнати се рекорди за излезност


Во Унгарија во 19 часот се затворија гласачките места каде можеше да се гласа на паралментарните избори. Претседателот на државата, Тамаш Шуљок, ќе даде изјава за медиумите во зградата на Националната изборна канцеларија. Организаторите најавија дека нема да има прашања. По 19:00 часот ќе започне броењето на гласовите пристигнати по пошта, а потоа се очекува […]

Војната против Иран го чинеше Израел 11,5 милијарди долари


Војната на Израел со Иран предизвика буџетски трошоци од 35 милијарди шекели (11,52 милијарди долари), од кои 22 милијарди шекели одат за одбрана, соопшти денеска израелското Министерство за финансии, и тоа се прелиминарни проценки. Износот веќе е додаден во буџетот за 2026 година, се вели во соопштението. Министерството нагласува дека конфликтот донел високи економски трошоци, […]

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје


Русија нема да го продолжи велигденското примирје, што истекува вечерва на полноќ, доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски не ги прифати условите на Москва, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Одржливиот мир може да дојде кога ќе ги обезбедиме нашите интереси и ќе ги постигнеме целите што ги поставивме на почетокот. Тоа буквално може да се […]

Трамп: САД веднаш ќе почнат да блокираат бродови во Ормуската Теснина


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон „веднаш ќе почне да ги блокира бродовите што се обидуваат да влезат или излезат од Ормуската Теснина“. Тој додаде дека наредил американската морнарица да забрани премин на бродовите што платиле патарина на Иран. Преговорите меѓу САД и Иран за прекин на огнот, што двете земји ги водеа во […]

Редици за гласање во Унгарија. Орбан: Тоа значи само едно


Унгарија денес гласа на избори што би можеле да го завршат 16-годишното владеење на премиерот Виктор Орбан, да ја потресат Русија и да ги потресат десничарските кругови низ Западот, вклучително и Белата куќа на американскиот претседател Доналд Трамп. Орбан, евроскептичен националист, создаде модел на „нелиберална демократија“ што движењето на Трамп „Make America Great Again“ (MAGA) […]