Видео од земјотресот со јачина од 7,2 степени во Таџикистан


Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди централноазиската земја Таџикистан. Епицентарот, како што пренесуваат медиумите, бил на 82 километри од границата со Кина. An earthquake of magnitude 7.2 hit #Tajikistan near the border with #China. pic.twitter.com/JoNuLLMUt7 — NEXTA (@nexta_tv) February 23, 2023 Кинеските медиуми јавуваат дека овој силен земјотрес бил […]

Флорида: Телевизиски новинар убиен додека известувал од место на убиство


  Телевизиски репортер и деветгодишно девојче се смртно застрелани во близина на Орландо, Флорида, блиску до местото на убиството што се случило неколку часа претходно. Вториот известувач и мајката на девојчето биле застрелани и повредени од истиот вооружен маж, кој е осомничен и за другото убиство, соопшти полицијата. Двајцата новинари на Спектрум њуз 13 известуваа […]

Украина: Година дена потоа, новинарите се уште се на првата линија на фронтот


Украина- Конфликтот во Украина, за кој медиумите нашироко пишуваат, ги изненади уредништавта, а пред се новинарите кои се навикнати на воено известување од теренот, затоа што мораа да се прилагодат на неговото долготраење и невидената сила, како и на тешкотиите во проверката на некои информации. За една година „12.000 украински и странски новинари беа акредитирани […]

Почина еден од бранителите на „Азовстал“, шест месеци беше во заробеништво на Русите


  Почина Олех Мудрак, командант на Првиот баталјон на полковништвото Азов, потврди неговиот внук Данило на својот Инстаграм. Олех Мудрак помина шест месеци во руско заробеништво, преживеа екслозија во логорот за воени заробеници „Оленивка“. Од руското заробеништво беше пуштен во септември лани. Неговиот внук не ја откри причината за смртта, пишува „Украинска правда“. Олех Мудрак […]

Франција воведува „невидени“ ограничувања за вода по најсувата зима во последните 64 години


Франција се подготвува од март да воведе ограничувања за потрошувачката на вода во делови од државата, што е потег без преседан за овој период од годината по најсувата зима во последните 64 години, изјави министерот за животна средина Кристоф Бешу. Франција забележа 32 дена без дожд, објави метеоролошката служба Метео-Франс. Рестрикции има во 87 општини […]

Во САД температурите се спуштаат и до минус 45


САД- Поради зимската бура што зафати одредени области на САД, во некои делови од државата температурите би можеле да паднат и до минус 45 степени, јавија американските медиуми. Како резултат на снежното невреме беа затворени бизниси и училишта во Дакота, Минесота и Висконсин, а откажани се речиси пет илјади летови. Налетите на ветрот би можеле […]

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени по Рихтер го погоди Таџикистан


Земјотрес со интензитет од 6,8 степени е регистриран во источниот дел на Таџикистан. Потресот се случил во 05:37 часот по локално време на длабочина од околу 20,5 километри. Епицентарот бил во автономната област Горна Бадакшан, што се граничи со Авганистан и Кина. Таа територија е ретко населена и е опкружена со огромниот планински венец Памир. 

(Видео) Бајден се сопна додека се качуваше по скалите до авионот


  Американскиот претседател Џо Бајден се сопна додека се качуваше по скалите на авион на заминување од Варшава. „Претседателот Бајден се сопна и падна додека се качуваше по главните скали на AF1 во Варшава. Тој брзо се исправи и продолжи кон кабината. На пат сме за Вашингтон. Претседателот го завршува историското патување кое започна во […]

Генералната директорка на УНЕСКО бара построга регулација на социјалните мрежи


Франција – Генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле денеска повика на глобален дијалог за да се најде начин да се регулираат активностите на компаниите кои поседуваат социјални мрежи и да се ограничи нивната улога во ширењето дезинформации. Азуле зборуваше на меѓународен собир на парламентарци, новинари и активисти на граѓанското општество за регулирање на социјалните мрежи како што […]

Морнариците на Русија, Кина и Јужна Африка почнуваат воени вежби во Индискиот Океан


Во Јужна Африка денеска беше одржана церемонија по повод почетокот на заедничките воени вежби на морнариците на Русија, Кина и Јужна Африка, на која беше соопштено дека „активната фаза“ на вежбите, во која ќе биде активна и бродската артилерија, ќе трае од 25 до 27 февруари. На церемонијата присуствуваа командантот на руската морнарица, адмирал Николај […]

За Нобеловата награда за мир 305 номинирани


 Вкупно 305 кандидати се номинирани за овогодинешната Нобелова награда за мир, што е најмал број во последните четири години. Од номинациите што требаше да се поднесат пред крајниот рок 1 февруари, 212 се поединци, а 93 се организации, соопшти Норвешкиот Нобелов комитет во Осло, јави ДПА. Минатата година за престижната награда беа номинирани 343 поединци […]

Бајден на „Б9“: Путин погреши што го суспендира нуклеарниот договор


 Американскиот претседател Џо Бајден во својот говор пред „Букурешткиот формат-Б9“ денеска кажа дека Владимир Путин „направи голема грешка“ со суспендирањето на последниот преостанат договор за нуклеарно оружје со САД. Во својот прв коментар по најавата на Путин, Бајден ја осуди одлуката на Русија да се повлече од договорот. Американскиот претседател кажа дека лидерите на „Б9“ […]

Во израелски упад на Западниот Брег убиени 10 Палестинци


  Израелските војници во средата влегоа во голем палестински град на окупираниот Западен Брег во ретка, дневна операција за апсење, предизвикувајќи борби во кои загинаа најмалку 10 Палестинци, а голем број други беа ранети. Рацијата, која ја претвори зградата во урнатини и остави низа продавници преполни со куршуми, беше една од најкрвавите битки во речиси […]

Путин на мамутски митинг во Москва за поддршка на војната


  „Митингашки концерт“ на стадионот „Лужники“ во Москва, со статисти, наводно, регрутирани со плаќање, кулминираше пред кратко време со појавувањето на претседателот Владимир Путин и неговото уверување дека армијата се бори за „историските граници“ на Русија. Организаторите на настанот ветија дека ќе соберат 200.000 луѓе во студената и со снег покриена Москва, а на директниот […]

Речиси милион барања за азил во ЕУ минатата година


 Речиси милион луѓе побарале меѓународна заштита во Европската унија (ЕУ) минатата година, што е најголем број барања за азил од бегалската криза во 2015 година. Агенцијата за азил на ЕУ соопшти дека минатата година биле поднесени 966.000 барања за азил во 27 земји на ЕУ, како и во Норвешка и Швајцарија, што е за 50 […]

Кина и Русија создаваат однос кој „нема граници“


  Ванг рече дека „кинеско-руските односи не се насочени против некоја трета земја и секако не можат да бидат предмет на притисок од која било трета земја“ – но сеништето на војната и начините на кои таа го галванизираше Западот и ги продлабочи нејзината поделба со Русија висеше над состанокот. На пример, Ванг нагласи дека […]

Трамп: Се наоѓаме на работ на трета светска војна


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска оцени дека светот никогаш не бил поблиску до трета светска војна и дека актуелниот американски претседател Џо Бајден го турка светот во војна со своите постапки за поддршка на Украина. „Ако погледнете и сфатите какви чекори презема Бајден во врска со Украина, ќе видите дека тој систематски, но можеби […]

Во Франција средношколец со нож уби професорка


Средношколец во градот Сен-Жан-де-Луз во близина на Бордо, на југозападот на Франција, денеска со нож уби професорка, соопштија претставници на француската Влада. Како последица на нападот животот го загуби професорка по шпански јазик, а ученикот е уапсен. Францускиот весник „Суд Вест“ објави дека ученикот влегол во училницата утрово додека наставничката предавала шпански и ја нападнал.

Русија може да мобилизира уште еден милион луѓе, вели германското разузнавање


  Рускиот претседател Владимир Путин не е подготвен за преговори со Украина и ќе се обиде да успее на бојното поле со нумеричка предност за да продолжи да диктира „мир“ по свои услови, изјави Бруно Кал, шеф на германската Федерална разузнавачка служба (БНД), во интервју за германското радио. Тој истакна дека за ова на руската […]

Суд во Њујорк пресуди дека семејствата на жртвите од 11 септември не можат да ги добијат замрзнатите авганистански средства


Семејствата на жртвите од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година не можат да ги добијат замрзнатите средства на Централната банка на Авганистан на име компензација, одлучи  федерален американски судија во Њујорк. Станува збор за 3,5 милијарди долари чувани во американската централна банка (ФЕД), кои беа замрзнати на 15 август 2021 година, кога талибанците влегоа во […]