Лидерите на главната независна веб-страница во Белорусија осудени на 12 години затвор


Људмила Чекина и Марина Золотова

 

Градскиот суд во Минск ја објави пресудата за случајот за даночно затајување против поранешни вработени во „Тут медиа“). Од 2000 година, оваа компанија ја објавува најголемата независна публикација во Белорусија – веб-страницата Tut.by.

Во кривичното дело обвинети се пет лица. Две се во притвор – главната уредничка на Tut.by Марина Золотова и извршната директорка Људмила Чекина. Уште тројца обвинети – уредничката на одделот за економија и политика Олга Лоико, дописничката Елена Толкачева и правниот советник Екатерина Ткаченко – беа ослободени од истражниот затвор со кауција. Тие беа ставени на потерница откако не се појавија на судската седница. Нивниот случај е поделен во посебна постапка.

Случајот на Марина Золотова и Људмила Чекина судот го разгледува зад затворени врати од 9 јануари. Судот ги осуди обвинетите на 12 години затворска казна. Тие беа прогласени за виновни за затајување данок, како и за поттикнување омраза и повикување на акција против националната безбедност на Белорусија.