(Видео) Најмалку шест жртви во земјотресот во Еквадор, паника меѓу луѓето


Најмалку шест лица го загубија животот во силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа околу Гвајакил, вториот по големина град во Еквадор. Од потресот има урнатини и оштетени зградите, а жителите во паника излегоа на улиците.

Земјотресот ја погоди крајбрежната област Гуајас, а епицентарот беше на околу 80 километри јужно од Гвајакил, град со повеќе од три милиони жители. На Твитер се појави видео од моментот кога се случи земјотресот во градот.

Меѓу загинатите има и патник кој бил заглавен во автомобилот на кој се урнала куќата. Во Гвајакил, кој се наоѓа на околу 270 километри југозападно од главниот град Кито, властите пријавија пукнатини во згради и куќи и уривање на ѕидови.

На Твитер се појави видео на кое се гледа како тројцата водители бегаат од студиото кога масата на која седеа почна да се тресе од земјотресот.

На социјалните мрежи се шират снимки од луѓе кои излегле на улиците на Гвајакил и околните градови. Земјотресот бил почувствуван и во Перу.