(Фото) Дрејк триумфираше на наградите „Билборд 2019“


САД- Со 12 награди од 17 номинирани, поп-ѕвездата Дрејк синоќа триумфираше на наградите „Билборд“ во Лас Вегас. Дрејк ги освои меѓу другите наградите Топ музичар, Топ хот 100 музичар, музичар со најпродавани песни, рап музичар, со нај албум… Карди Б од 21 номинација, освои шест награди, меѓу нив за нај радио песна и раперка на годината. […]

„Нетфликс“ дава поголеми плати: Колку заработуваат ѕвездите во Холивуд?


САД – Холивудските ѕвезди му должат на „Нетфликс“ големо „благодарам“. Компанијата која овозможува гледање филмови онлајн ги зајакнува пакетите за најпознатите актери во филмскиот бизнис во време кога студијата стануваат сè поскржави во пишувањето дарежливи чекови. На пример, Рајан Рејнолдс доби 27 милиони долари за филмот „Шесто подземје“, филм на Мајкл Беј за милијардерски финансиран […]

Ќе се мажи актерката Јана Стојановска


Македонска актерка и ексмис на Македонија Јана Стојановска (34)  ќе се мажи со српскиот кошаркар Андрија Бојиќ кој живее во Скопје. Двојката ја најавила свадбата на 22 јуни во Белград , а чека и бебе. Јана е родена во актерско семејство: внука на доајенот на македонскиот театар и филм Ацо Јовановски, ќерка на глумците Ненад […]

Хрватска доби „мис универзум“ , и честиташе Ивана Трамп


Миа Ркман од Корчула е избра за „мис универзум“ на Хрватска во конкуренција на 18 убавици.Кандидатките се претставиле во вечерни тоалети и во костими за капење. За прва придружничка е избрана Теа Славица, а за втора-Маја Чатлак. На победничките им честитала специјалната гостинка, Ивана Трамп (првата сопруга на Доналд Трамп) која е пријателка на сопственикот […]

Официјална вечера место роденден: Меланија Трамп наполни 49 години


САД– Првата дама на САД, Меланија Трамп наполни 49 години. Роденденот место прослава се претвори во официјална вечера со јапонскиот премиер Шинзо Абе и неговата сопруга Акие. -Ја прашав Меланија дали сака роденденот да го прослави со јапонскиот премиер, и таа ми кажа дека никој друг гостин не би посакала, се шегуваше американскиот претседател Доналд […]

Роденден пред Евросонг: Хана на Тамара наполни 3 години


Хана, ќерката на поп-ѕвездата и евровизиска претставничка Тамара Тодевска наполни три години. Тодевска често на социјалните мрежи споделува фотографии и видеа од Хана,  а таа учествува и во спотот за евровизиската песна. Мама Тамара преку социјалните мрежи и го честиташе роденденот. „3 години среќа, радост, љубов. Среќен роденден Хана моја, те сака мама највише на […]

Нема развод: Се смирија Меган Фокс и Брајан Остин Грин


САД-Актерите Меган Фокс и Брајан Остин Грин одлучија да ги повлечат документите за развод. Тие повторно се среќни заедно. Во 2015 година Меган Фокс и Брајан Остин Грин поднесоа документи за развод. Неколку месеци подоцна, сепак, тие повторно беа заедно, па дури и очекуваа дете – одлучија да си дадат втора шанса. Сега, години подоцна, […]

На водителот Лари Кинг му ставија стент на срцето


САД– Познатиот американски ТВ-водител Лари Кинг заврши во болница поради проблеми со срцето, пишува магазинот „Пипл“. Вработен во болницата кажа дека Кинг „добро напредува” и дека имал напад на ангина пекторис, а не срцев удар, како што пишуваа американските медиуми. „Тој имаше проблеми со срцето, но беше подложен на ангиопластика на срцето и му поставија […]

Последната епизода на „Игра на тронови“-најтвитувана во ТВ историјата


САД- Последната епизода од култната серија „Игра на тронови“ постави рекорд – стана најтвитуваната во телевизиската историја. Серијата „Долга ноќ“, во која се одржа епската битка за „Винтерфел“, се споменува повеќе од 7,8 милиони пати во социјалната мрежа. Сепак, вклучени се само твитови кои можат да се најдат поклучен збор или хаштаг, што значи дека […]

Манекен почина за време на ревија


Бразилскиот манекен, 26-годишниот Талес Соареш, падна за време на ревијата на модниот бренд „Окса“ во Сао Пауло и почина. Лекарски тим веднаш му укажал помош, но не можел да му помогне. Тој бил прогласен за мртов откако бил превезен во болница. Локалниот весник „Дејли фолја“ објави дека Соареш паднал откако се сопнал на врвките од […]

Џулија Робертс до сите жени: Престанете да обрнувате внимание само на убавината


Холивудската актерка Џулија Робертс неодамна упати апел до жените ширум светот да престанат да обрнуваат внимание само на својот физички изглед, туку да се посветат на својот природен изглед, својата природна убавина и она што навистина се. Таа смета дека на своја кожа искусила што значи секојдневно да се биде изложен на шминка, која и […]

Рами Малек ќе глуми негативец во филмот за Џемс Бонд


  Оскаровецот Рами Малек ќе биде дел од актерската екипа во новиот филм за британскиот таен агент Џемс Бонд, јавува BBC. Се работи за 25-тиот официјален филм за Џемс Бонд, а потврдата за ангажманот на Малек соопштена е на настан посветен на филмот одржан во Јамајка. Малек освои Оскар за најдобар актер во февруари за […]

„Пипл“: Џенифер Гарнер е најубава жена за 2108


САД– Актерката Џенифер Гарнер (47), мајка на три деца, е најубава жена за 2018 година, според „Пипл“. Оскаровката и екссопруга на Бен Афлек,  ја краси насловната страница на списанието и тоа во своето омилено издание – без шминка, а во разговорот ги открила и тајните на својата безвременска убавина. По сè изгледа, најзаслужни за нејзиниот […]

Органска храна и без алкохол: Лени Кравиц доаѓа во Скопје со личен готвач


Поп-ѕвездата Лени Кравиц (54) доаѓа во Скопје два дена порано пред закажаниот концерт во Арената „Борис Трајковски“ , на 1 мај, заедно со неговата екипа составена од 60-тина луѓе, 10 камиони и 6 автобуси, бидејќи станува збор за големо шоу со масовна продукција. Турнејата „Raise vibration“ почнува во петок, а Македонија е негова трета концертна […]

Ексклузивно: Тамара во смарагдно зелена боја на Евросонг


Поп-ѕвездата Тамара ќе блесне во смарагдно зелена боја на настапот во полуфиналето на Евросонг на 16 мај во Тел Авив, Израел, дознава ексклузивно „Независен весник“.  Не се откриваат други детали за евровизискиот аутфит. Претходно, македонскиот дизајнер Александaр Ношпал, кој е задолжен за стајлингот на македонската евровизиска претставничка, ни изјави ексклузивно дека Тамара во Тел Авив […]

Тијана нема да патува на Евросонг : Ќе ја чувам ќерката на Тамара


Тијана нема да ја придружува сестра си Тамара на годинешниот „Евросонг“ кој ќе се одржи од 14-18 мај во Тел Авив, Израел. Пејачката со кариера во Белград не е ниту меѓу вокалите кои ќе ја придружуваат Тамара на сцена, ниту ќе и биде поддршка од зад сцена. – Тамара многу те сакам. И многу сум […]

Гала црвен килим: Музејот Метрополитен во мај со театрална мода


САД- На 6 мај Институтот за костимографија на њујоршкиот музеј „Метрополитен“ ќе го организира добротворниот престижен настан, со најголемите холивудски ѕвезди на црвениот килим, а темата на модната изложба ќе биде – Camp: Notes of Fashion (Камп: Белешки за модата). Камп во овој контекст всушност е „камп концепт“. Терминот го воведува авторката Сузан Сонтаг во […]

Почина Мања, пејачка во бендот „Дисциплина кичме“


Почина Маринка Ѓорѓевиќ – Мања, пејачката на култниот српски бенд „Дисциплина кичме“. Информацијата ја потврди бендот на својата страница на Фејсбук. „Нè напушти нашата најубава Мања!“, напишаа од бендот. Мања се приклучи во бендот „Дисциплина кичме“ во деведесетите годнии, откако основачот Душан Којиќ Која се врати од Лондон повторно во Белград.

Мемоарите на Принс пристигнуваат наесен


САД- Мемоарите на поп- ѕвездата Принс на кои што работел пред смртта ќе бидат објавени наесен. Издавачката куќа „Рандом хаус“ соопшти дека „The Beautiful Ones“ ќе го обедини ракописот на Принс со малку познати фотографии и исечоци. Мемоарите ги покриваат деството, младоста и славата. Музичарот имаше 57 години, кога беше откриен сам и безживотен во […]

180 милиони причини: Адел ќе го дели богатството со сопругот


Англија– Најбогатата поп-ѕвезда под 30 години Адел ќе го дели богатството од 180 милиони долари и бројни недвижнини со ексопругот Сајмон Конецки (45) . Адел, која најави дека по три години се разведува од бизнисменот со кого има син Анџело (6) , најверојатно пред бракот не потпишала брачен договор. Ако се разведуваат во Калифорнија каде […]