Бритни ги надминува психичките проблеми


 

Популарната американска пејачка Бритни Спирс полека ги надминува психичките проблеми со кои се соочува со години.

Таа на социјалните мрежи споделува фотографии од летувањето на Карибите, на кои се гледа дека изгледа одлично.

Во бело бикини и одлична линија на телото, Спирс веројатно се чувствува добро како што и изгледа.

Таа се врати на здравите навики и начин на живот по напуштањето на психијатриската болница и е во одлична телесна форма. Папараците ја уловија како ужива и на приватна јахта со своето 12 години помладо момче Сем Асгари.

Дваесет и петгодишниот Асгари беше нејзина најголема поддршка за време на емоционалната и психичка криза која Спирс очигледно веќе ја преброди.