Моника, Рејчел и Фиби повторно заедно


Познатите актерки Кортни Кокс, Џенифер Анистон и Лиза Кудроу, на сите им се познати по своите улоги како Моника, Рејчел и Фиби во серијата „Пријатели“.

Прекрасно е што актерките никогаш не престанаа да се дружат, туку дружењето од мали екрани се префрли и во приватниот живот и опстојува веќе 15 години од крајот на снимањето на оваа ултрапопуларна серија.

Кортни Кокс го прослави својот 55. роденден во друштво на Џенифер и Лиза, и таа е среќна што токму тие двете се до неа.

„Баш сум среќна што прославувам роденден со нив двете? Ве сакам многу девојки“, пишува Кортни во придружниот текст на фотографијата објавена на Инстаграм.