Фронтменот на „Мегадет“ објави дека има рак на грло


Фронтменот на американскиот метал бенд „Мегадет“, Дејв Мастејн изјави дека му бил дијагностициран рак на грлото.
Пејачот и гитарист ја сподели веста на социјалните мрежи. Тој напишал дека соработува со докторите, со кои направил план за лекување и се надева дека има 90 отсто шанса за успех.
Третманот на музичарот е веќе почнат. Поради здравствениот проблем на Мастејн, групата беше принудена да откаже голем дел од концертите. Сепак, тој и неговите колеги продолжуваат да работат на новиот албум. Последниот албум беше издаден во 2016 година „Дистопија“, а награден со „Греми“ во 2017 година.