Актерката Јана се омажи во Белград


 

Македонската актерка Јана Стојановска се омажи за кошаркарот Андрија Бојиќ. Свечената церемонија се одржала во хотелот „Југославија“ во Белград.

Јана и Андрија се запознаа во Скопје, кога српскиот кошаркар пристигна во таборот на македонскиот шампион МЗТ пред две сезони.

Тие се во врска повеќе од една година, а неодамна во јавноста споделија дека го очекуваат своето прво дете.

Стојановска е дел од ансамблот на Драмскиот театар од 2013 година, а позната е по улогите на Јохана во „Баал“, Беба во „Грев или шприцер“, Цвета во „Македонска крвава свадба“, нараторот во „Венецијанскиот трговец“, како и во мјузиклот „Мама миа“, поставен во Македонскиот народен театар. Таа има и неколку филмски улоги во „As if I`m not there“, „Скопје ремикс“, „Епизодист“, „Ослободување на Скопје“, а беше дел од актерската екипа на серијата „Сенки над Балканот“.