Се ожени капитенот на Реал: Најважниот гол на Рамос


Фудбалскиот крем се собра во саботата во Севилја за да ја прослави свадбата на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос и на неговата долгодишна партнерка, Пилар Рубио. Двојката се венча во катедралата во Севилја, а на веселбата присуствуваа многубројни колеги на Рамос.

Рамос пред олтарот дојде во придружба на мајка си, а Пилар под рака го држеше таткото, додека во десната рака носеше необичен црн букет од свеќи. Потоа, забавата се пресели на фармата Ла Алегриа.

„Многу сме среќни“, кратко изјавија младоженците пред да им се придружат на гостите.

За одличната атмосфера се погрижи АЦ/ДЦ, кои добија хонорар од еден милион евра.

„Серхио и Пилар, една од најубавите жени на светот, се запознаа по Европското првенство во 2012 година, а заедно имаат три сина. Најстариот – Серхио е роден во 2014 година, Марко пристигна една година подоцна, а најмладиот Алехандро наполни една година.