Каролина е подготвена за жешко лето


Поп-пејачката Каролина Гочева сподели фотографии од својата последна фотосесија. Гочева станува сè поактивна кога се во прашање социјалните мрежи, па речиси сите новости поврзани со нејзиниот професионален ангажман, но и приватни прошетки по светот, ги дознаваме од нејзиниот профил на Инстаграм.


Во последната фотосесија, Каролина е облечена во боите на летото, каде што изборот е бел широк летен комбинезон. Плетената шапка е одличен декор за летната мода, но и добар избор за да се заштитите од високите температури.
Гочева годинава се пофали и со фотографии од патувањето во Мексико и од САД, на кое беше придружувана од својот сопруг, уметникот Михаил Корубин.
Покрај прошетките, Каролина годинава ја започна работно, со четирите концерти изведени заедно со Македонската филхармонија.


Нејзиниот актуелен албум „Извор“ неодамна го издаде реномираната издавачка куќа „Кроација рекордс“.
Со тоа овој албум се најде и на најпопуларните светски платформи за продажба на музика: iTunes, Amazon, Deezer.
Каролина го промовираше албумот минатата година со рекордни седум концерти во Македонската опера и балет, а потоа следуваа оние со Филхармонија.
Автор на најголемиот дел од песните на албумот е Николче Мицевски, како и Весна Малинова-Бабамова, а еден од текстовите напиша актерката Весна Бејби Петрушевска.