Кавер бендот “Брас агеинст” од Њујорк со прв концерт во Скопје


Светски познатиот кавер бенд кој доаѓа од Њујорк – ““Брас агеинст” ќе го одржи својот прв концерт во Македонија на 19 јуни,во 21 часот во скопскиот клуб „Кабрио“ .

Оваа американска брас атракција, како што ги нарекуваат музичките критичари низ светот, пред нашата публика ќе одржи двоиполчасовен концерт, изведувајќи ги песните на култниот бенд “Rage Аgainst the Мachine”, кој своевремено продаде 16 милиони плочи низ светот и сѐ уште се смета за една од политички највлијателните групи.

Ова ќе биде нивен прв настап пред македонската публика, а во пресрет на концертот порачуваат дека во овој политички предизвикувачки период време е да се спротиставиме на “машинеријата” и тоа само со извонредна музика.

Влезниците можете да ги купите во продажната мрежа и онлајн на karti.com.mk по следниве цени: 500 денари – до 18.06.2019 , 600 денари – на ден на концерт.

“Би било несериозно да не го воочиме ова специфично време во кое живееме. Сакаме нашата музика да не биде само звук кој ќе ве инспирира,туку со предизвикување емоции кај луѓето да поттикнуваме на акција. Создаваме извонредна музика со политичко шило.Ние сме лути, инспирирани, подготвени за промени и се надеваме дека нашата музика кај секого што не слуша ја крева оваа енергија”.

Бендот го води гитаристот Brad Hammond, а вокалот кој ќе ја импресионира македонската публика е Liza Kolbi. Придружени се од 20-тина одлични музичари околу нив, а заедно со широкиот спектар на инструменти прават извонредна музичка синергија и позитивна движечка сила кај публиката.

Подолу е листата на некои уметници кои се менуваат во текот на турнејата. Многу од нив ги изложија своите неверојатни таленти во видео спотови, снимки и изведби во живо на бендот. Сите тие се дел од една исклучителна целина наречена “Брас агеинст”

Brad Hammonds –фронтмен-гитара; Andrew Gutauskas – музички директор, саксофон; Lisa Colby- вокал; Sophia Urista –вокал; Maya Azucena – вокал; Mazz Swift -вокал, електрична виолина; Amanda Brown – вокал; Samuel Hope – вокал; Darius Christian – вокал, тромбон; Mariel Bildsten – тромбон; Frank Cohen – тромбон; Eli Chalmer – тромбон; Melissa Gardiner – тромбон; Wayne Tucker – труба; Oskar Stenmark –труба; Tyler Tritt – труба; Kai Sandoval – труба; Bruce Harris – труба; Kenneth Bentley – соусафон; Corey Wilcox – соусафон; Steven Duffy – соусафон; Nathan Bell – тапани.

Во рамките на на светската турнеја, овој бенд на 11 јуни ќе настапи во Лондон (O2 ARENA), како специјален гостин на Лени Кравиц, а како дел од ова исклучително музичко доживување ќе настапи и во Љубљана на 14 јуни , Софија 22 јуни ,Белград 23 јуни.