(ФОТО) Орнела Мути треба да плати 30.000 евра казна за вечера со Путин


 

Познатата италијанска актерка и поранешна манекенка, Орнела Мути (64) ги излажала своите фанови, кои купиле билети за нејзиниот настап, а таа заминала во Русија на вечера со Путин.

Италијанската ѕвезда Орнела Мути е прогласена виновна за користење лажно лекарско оправдување за да го избегне рециталот во местото Порденоне и да замине во Санкт Петерсбург на вечера со рускиот претседател Владимир Путин. На вечерата биле и други ѕвезди од шоу бизнисот како Жерар Депардје, Моника Белучи, Голди Хоун и Шерон Стоун.

Скандалот се случил во 2010 кога Путин бил премиер, а во петокот Врховниот суд на Италија ја казни актерката со шест месеци условна затворска казна и парично со 500 евра.

Освен тоа, Орнела Мути ќе треба на театарот во Порденоне да му плати казна од 30.000 евра, затоа што таму требало да настапи. Доколку не ја плати казната, ќе оди во затвор.

Врховниот суд ја потврди пресудата на два пониски суда, кои ја прогласија Мути виновна за измама. На одлуката на Врховниот суд нема жалба и со тоа е завршен долгогодишниот судски процес. Мути се правдала дека не множе да дојде бна рециталот зашто има ларингитис и температура.

Организаторите на рециталот се нашле во незгодна ситуација, зашто билетите биле веќе продадени, а ѕвезда на вечерта требало да биде Орнела Мути.

Но, кога се појавиле фотографиите од вечерата со Путин, управата на театарот решила да ја тужи Мути. Таа на суд рекла дека нема да може да ја плати казната од 30.000 евра.
Познатата италијанска актерка била исфрлена од станот во Рим, поради долг од околу 80.000 евра.