Едноставна ама моќна: Меркел има сакоа во 90 нијанси


Изборот на бојата на сакото на германската канцеларка Ангела Меркел воопшто не е случаен, сметаат аналитичарите.

Стилот на Меркел дури и Карл Лагерфелд го опиша како сосема во ред. Таа најчесто носи пантолони со рамни ногавици, продолжено сако со три копчиња и сечени џебови. Косата и е кратка, накитот дискретен, шминката невпечатлива и носи рамни чевли.

Меркел ги менува само сакоата, односно боите и тоа зависи од средбата и од видот на разговорот. Виолетово и розово сако е за помалку формални средби, каде што нема тешки теми за разговор.

Крем боја и бело Меркел носи кога сака да испрати порака за мир, сино кога треба да делува сериозно, но не и строго. За такви, сериозни прилики е резервирана црната боја. Зелената боја е боја на оптимизам, но и на смиреност,.

Црвени и жолти сакоа носи Меркел кога е дома, во Германија.

Моделот на нејзиното познато сако го смисли дизајнерката Бетина Шонбек и тоа го дури во 90 нијанси. Да ѝ се најде, во секоја прилика.

Германската канцеларка не сака многу гала настани и дотерување. Затоа пак, не го пропушта оперскиот фестивал на Вагнер во баварскиот град Бајројт, во друштво на сопругот. Тогаш се истакнува со екстравагантноста на модните детали, како чантичка.

Меркел не случајно го избрала  фестивалот на Вагнер за да ја покаже смислата за пратење на трендовите во однос на модните детали, како противтежа на постојаните критики од медиумите за нејзината непреставителност и стил на облекување наречен “кројачка бламажа”. Секоја година, илјадници обожаватели на Вагнер – од кои некои чекале 10 години да добијат влезница – се собираат во Бајројт да уживаат во едномесечната музичка екстраваганца на еден од најголемите германски композитори. Германската канцеларка за која на почетокот на мандатот во “Шпигел” се прашуваа како ќе ја води државата ако не умее да се снајде во сопствениот плакар, и сега не го смени стилот на облекување и на живеење.

Нејзиниот негламурозен стајлинг, иако е една од најплатените шефови на влади во Европа, медиумите му го препишуваат на потеклото. Татко и бил лутерански свештеник, а мајка и професорка по латински и англиски јазик. Пред две години Меркел скара двајца фризери кои тврдеа дека благодарејќи на нив , се разубавела, бидејќи модерно ја ишишале и ја посветлиле косата.