Љубовните писма на Леонард Коен продадени за 876.000 долари


Колекцијата љубовни писма кои Леонард Коен ги пишувал на Мериан Илен продадени се на аукција за 876.000 долари, јавува „Би-би-си“.

Многу предмети од архивата продадени се по цена повисока за пет пати од очекуваната, наведува компанијата „Кристис“.

Писмото за кое се очекувало да биде продадено за 10 илјади долари, достигнало цена од 56.250 долари.

Главното место на петодневната интернет аукција му припадна на италијанското бронзено ѕвоно кое висело во куќата на Коен и Илен. Ѕвонело додека живееле на островот Хидра.

Се мислело дека ќе достигне цена од 12 илјади долари, но продадено е за 81.250 долари.

Илен, која Коен ја запознал и ја засакал во 1960-тите години, била инспирација за многу песни, како Bird on a Wire, So Long Marianne и Hey, That’s No Way To Say Goodbye.

Откако раскинале, Коен и Илен останале пријатели, а починаа со разлика од еден месец во 2016 година.

Повеќето песни, кои ги прораде семејството на Илен, напишани се меѓу 1960 и 1979 година.

Според „Кристис“, архивата нуди „фасцинантни предлеги на копнежот и уметничкаѕа борба на музичарот“.

Нов документарец за двојката – Marianne & Leonard: Words of Love – ќе биде прикажан во Велика Британија на 26 јули годинава.

Роден во Канада 1934 година, Коен стана поет и писател пред да почне кариера на текстописец и музичар.