И славните имаат идоли: Оскаровката Ема ги обожава „Спајс грлс“


 

Добитничката на „Оскар“, актерката Ема Стоун која се прослави најмногу по улогата во мјузиклот „Ла ла ленд“, вели дека е луда по музиката на нејзините идоли од младоста. Тоа се девојките од „Спајс грлс“ кои неодамна имаа повратничка турнеја, но без Викторија Бекам. Заедничката фотографија меѓу актерката Ема Стоун и Ема Бантон ја сподели пејачката.

„Ема ја запозна Ема“ и „2 стануваат 1,“ напиша Бантон под споделените фотографии. Со вториот коментар таа алудира на познатиот хит од „Спајс грлс“, кој долго време беше на врвот на топ-листите. Оваа песна таа повторно ја препеа сега, а на неа гостува и Роби Вилијамс.

Ема Стоун вели дека е возбудена што имала можност да се запознае со нејзината омилена „спајсица“ од детството.