(Видео) Омилениот актер на публиката, Кијану Ривс, стана омилен и на интернет, а тој не знае


 

Еден од најпознатите и омилени актери на Холивуд, Кијану Ривс, стана омилена ѕвезда и на интернет.

По пишувањата на медиумите за неговата скртомност и едноставност, актерот Кијану Ривс стана неверојатно популарен и на социјалните мрежи и интернетот.

На премиерата на филмот „Приказна за играчките 4“ во кој Ривс го позајмува гласот на анимираниот јунак Кабум, новинарка на магазинот „Пипл“ го прашува како се чувствува откако ја доби титулата „моме на интернетот“.

„Што?“, прашува збунето Ривс, а таа му објаснува дека им е симпатичен на сите на интернет.

Тој срамежливо ја наведнува главата и вели дека тоа е лудо, а додава дека позитивноста е супер.

Инаку, неодамна на интернет се прошири приказната за тоа како Кијану Ривс во една прилика купил сладолед само за да има сметка на која дал автограм на едно 16-годишно моме.

Од неодамна се дозна и дека актерот со години во тајност донира пари за детски болници.