Катарина Ивановска повторно е бремена


Топ-моделот Катарина Ивановска повторно ќе стане мајка. Таа на социјалните мрежи сподели фотографии од нејзиниот одмор во Шпанија, каде што се гледа дека таа е повторно бремена.
Ивановска, заедно со нејзиното синче Вања, одмора на шпанските плажи, а таму Вања го прослави и вториот роденден.
Атрактивната манекенка редовно споделува фотографии од приватниот живот, но сè уште со нејзиниот партнер.
Таа неодамна беше и во Тел Авив, Израел, како поддршка на својата пријателка Тамара Тодевска која нè претставуваше на Евровизија.


Својата кариера како манекенка ја започна во 2004 година на Миланската модна недела по освојувањето на кастинг во Македонија. Правеше фотосесии за руското и италијанското издание на „Вог“, за српското издание на „Ел“ и други. Соработуваше со светски модни агенции како „International Scouting Office Belgrade“, „Women Mgmt Paris“, „Women Mgmt New York City“, „Women Mgmt Milan“ и „Select Model Mgmt London“. Во Македонија се смета за еден од најуспешните модели.
Во 2012 година дебитираше и како глумица во филмот „Трето полувреме“.