Сталоне во Хрватска ќе го прослави 73. роденден


Хрватска–  Ѕвездата на акционите филмови Силвестер Сталоне со семејството пристигнал во Сплит, пренесува „Слободна Далмација“. Семејството со авион од Венеција пристигнало на сплитскиот аеродром, а таму биле видени неговите ќерки, Систина Роус, Софија Роус и Скерлет Роус, и неговата сопруга Џенифер Флејвин. Како што пренесува „Слободна Далмација“, успеал да се камуфлира и е префрлен на […]

За 65 милиони долари: Се продава имотот на Џеки Кенеди на островот Мартас Винјард


САД – Одамна, во 1979 година, Џеки Кенеди го купи преубавиот имот „Ред гејт фарм“ на островот Мартас Винјард, на северот на САД, за еден милион долари. Богатата природа, опуштената атмосфера и близината на Атлантскиот Океан биле доволни за сопругата на 35. американски претседател Џон Кенеди да се вљуби во него и да го посака […]

Славниот новинар Андерсон Купер го наследува богатството на Вандербилт


САД– Андерсон Купер добива подарок што воопшто не го очекувал: најголемиот дел од имотот на неговата мајка, Глорија Вандербилт. 52-годишниот славен водител на Си-Ен-Ен, ќе го наследи целиот нејзин имот освен еден апартман на Менхетн, кој ќе припадне на најстарото дете на Вандербилт, Леополд „Стен” Стоковски, според документите до кои дојде „Пејџ сикс“. Средниот брат […]

Адел, Леди Гага и Ени Ленокс поканети во оскаровската академија


САД– Поп-ѕвездите Адел, Леди Гага и Ени Ленокс од „Јуритмикс“ се меѓу имињата кои се поканети во членство во Академијата за филмска уметност и наука, која ги организира Оскарите. Таа покани 842 нови членови од 59 земји и за првпат постигна родова еднаквост. Американската академија за филмска уметност и наука, која е задолжена за престижните […]

Вимблдон како модна писта: Сите гледаа во кралската ложа


Англија– Лето во Лондон значи дека фамозниот тениски турнир Вимблдон е тука, и вообичаено, тука е и кралското семејство. Годинава вниманието го привлече војвотката од Кембриџ. Кејт Мидлтон пристигна на трибините на Вимблдон облечена во бел кошула фустан со миди должина,од марката Suzannah, а го комбинираше со чантичка од Александар Меквин која веќе стана хит […]

Смешните бикини се хит: Колку сте храбри во лето?


САД– Костимите за капење не се само за парадирање на плажа. Тие летово се и ултимативно модно парче кое предизвикува смеа и восхитување. Костимот за капење низ годините век ги донесе првите костими за капење за дамите и целосните костими кај мажите. Луѓето се капеа во костими направени од дебела волна и памук кои впиваа […]

Џејмс Бонд пристигна во Лондон: Даниел Крег продолжува со снимање


Англија– Тајниот агент Џејмс Бонд пристигна во Лондон. Објавени се новите фотографии со главната ѕвезда Даниел Крег во костум, по снимањата во Норвешка и на Јамајка.  Крег е опоравен од операцијата на глуждот, а во 25. филм од серијалот за 007 глумат уште и Рами Малек, Леа Сејду, ралф Фајнс и Наоми Харис. 51-годишниот актер […]

На приватна церемонија: Малиот Арчи ќе се крштева в сабота


Англија– Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (37), и принцот Хари (34) станаа родители на синот Арчи на 6 мај и во моментот се подготвуваат за крштевка. Британските медиуми пишуваат дека Меган и Хари ќе го крштеваат синот на 6 јули, в сабота, точно два месеца по неговото раѓање. Тие ја избраа приватната капела на кралицата […]

Синди Крафорд: Плажата во Малибу ја замени со ридови во Калифорнија


САД- Една од најславните манекенки на сите времиња Синди Крафорд со сопругот Ренди Гербер и двете деца Присли (19) и Каја (17)  се сели во нов дом. Новиот дом кој го бараа со години, го платиле 5 милиони евра и се наоѓа во ридовите на Калифорнија. Досегашниот дом во Малибу го продале за седум милиони […]

Јапонците лути на Ким Кардашијан: Кимоно е национална, а не долна облека


САД– Риалити ѕвездата Ким Кардашијан предизвика гнев кај јапонските потрошувачи по именувањето на својата нова колекција за затегнување и обликување на долна облека “Кимоно Суливанеур”, вели Асошиетед прес. Кардашијан ја променила оваа намера откако прочитала неколку мислења кои биле огорчени поради нејзината идеја. Така, таа исто така напиша на нејзината страница на Твитер дека внимателно […]

Тамара на Парадата на гордоста во Скопје: Пораката е посилна од модата


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска во здолништето во боите на виножитото за некого беше шик, а за некого шок на првата Парада на гордоста во Скопје. Здолништето со карнери во весели бои, во комбинација со црно секси боди и црни сандали на висока потпетица , пак ја подели модната јавност за и против. Пејачката, која особено внимава […]

Мајли Сајрус со концерт во Приштина


Популарната поп-пејачка Мајли Сајрус ќе одржи концерт во Приштина во рамките на фестивалот „Сани Хил“ кој ќе с еодржува од 3 до 5 август во паркот Гермиа. Покрај Мајли Сајрус на фестивалот ќе настапува и Калвин Харис, а дополнително ќе бидат најавени и други музички артисти. Фестивалот „Сани Хил“ започна да се одржува пред неколку […]

Поп-ѕвездата станува дизајнерка: Тејлор Свифт ќе соработува со Стела Мекартни


САД– Поп-ѕвездата Тејлор Свифт веќе неколку години е на јавната сцена и со својот глас, но и со настапите, ги воодушевува фановите кои нетрпеливо го очекуваат секој нејзин следен чекор. А овојпат, таа одлучи да заплива во модните води. Имено, Тејлор започнала соработка со својата долгогодишна пријателка, дизајнерката Стела Мекартни. Двете модерни девојки со заеднички […]

Славните промовираат дупли свадби: Внуката на Грејс Кели по втор пат кажа да


Монако- Монако викендов славеше втора свадба на внуката на Грејс Кели. Шарлот Казираги (32), ќерка на принцезата Каролина по втор пат му кажа да на францускиот продуцент Димитри Расам (37), инаку син на познатата француска актерка Карол Буке. Двојката во саботата изговори „да“ пред матичар во  Париз, овој пат Шарлот облече венчаница на Џанбатиста Вали.  […]

Жељко Јоксимовиќ со концерт во Охрид на 3 август


Една од најголемите ѕвезди во регионот, пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ ова лето доаѓа во Охрид, со уште еден во низата на успешни концерти. Како што ни соопштија организаторите – Прагма Продукција, концертот е закажан на 3-ти август 2019 год., на стадионот “Билјанини Извори”. “Ја обожавам македонската публика, едвај чекам да настапам во прекрасниот Охрид. […]

Дали е ова најшокантната песна на сите времиња?


На 20 април 1939 година, Били Холидеј влезе во студиото со оркестар од осум члена за да ја сними својата верзија на песната „Strange Fruit“ (Чудно овошје). Оваа страшна песна за ужасите на линчувањето на американскиот Jуг не беше само најголем хит на Били Холидеј, туку стана една од највлијателните песни на 20 век, која […]

Шајк убедливо поубава од Амброзио и Ратајковски


За Ирина Шајк последниве неколку седмици беа тешки откако раскина со холивудскиот глумец Бредли Купер. Но, 33-годишната манекенка тукушто е прогласена за најдобар модел за костими за капење во светот. Таа се наоѓа на врвот на листата пред Алесандра Амброзио и Емили Ратајковски. Манекенката која е мајка на едно дете се најде на првото место […]

Прилепскиот „Пивофест“ од 18 до 21 јули, со Влатко Стефановски трио и „Фрајле“


Од 18 до 21 јули во Прилеп по 17-ти пат ќе се одржи традиционалниот Фестивал на пивото и на скарата – „Пивофест“. Четирите фестивалски дена ќе донесат голем број посетители и новини со што ќе се збогатат содржините на оваа, една од најголемите летни манифестации, препознатлива на Балканот, соопштија денеска на прес-конференција организаторите: прилепската локална […]

Хит-серијата „На лош пат“ ќе добие продолжение


Ѕвездите на хит-серијата „На лош пат“, Брајан Кренстон и Арон Пол, скоро истовремено, објавија иста слика од две магариња, со истиот придружен коментар: „Наскоро“. – Со нетрпение го чекам ова – напиша сценаристот на серијата Питер Гоулд на една од објавите. Сè ова уште еднаш ги разгоре гласните за можен филм продолжение на светската хит-серија […]

Дарт Вејдер кандидат за пратеник во украинскиот парламент


Киевскиот Дарт Вејдер е регистриран како кандидат за пратеник во украинското собрание од државната Централна изборна комисија. Тој така и се потпишал во пријавата, како Дарт Вејдер. Го искористил последниот рок на 21 јули и барањето за кандидатура му е прифатено. Кандидатот е роден 1987 година и е украински државјанин. Тој е регистриран како независен […]