Стариот Холивуд во Венеција: Кејт Бланшет е муза на Армани


Италија– Оскаровката Кејт Бланшет (55) блесна на црвениот килим на Мостра во Венеција на премиерата на филмската адаптација на „Џокер“ озлогласениот лик од Готам сити, познат во  филмовите за Бетмен. Во црна тоалета на „Армани приве“ го донесе гламурот на стариот Холивуд. Актерката со години е заштитно лице на италијанскиот моден бренд и неговиот парфем „Si“  .

Покрај извонредниот прием кај фестивалската публика на Меѓународниот филмски фестивал,  „Џокер“ во кој главната улога ја толкува извонредниот Жоакин Феникс, доби и исклучително високи оценки од филмската критика.

Мишел Хунцикер

„ Телеграф“ го оцени со 4, од можни пет ѕвезди, додека филмскиот критичар на Гардијан му даде чиста петка.

Сара Сампајо

Психолошкиот трилер го прати трансформирањето на Џокер во негативец каков што и познат на публиката. Светската премиера на филмот е закажана за 4 октомври, а трејлерот на Јутјуб до сега го имаат погледнато над 22 милиони луѓе.