Моника Белучи во Венеција: „Отпозади“ ја спои со екссопругот


Италија– На годинешниот филмски фестивал во Венеција, една од ѕвездата беше и убавата италијанска актерка и муза на Долче и Габана Моника Белучи (54).

Во долг, црвен фустан таа се појави на црвениот тепих, на премиерата на обновениот филм „Отпозади“, во кој во 2002 година глумеше заедно со веќе нејзиниот поранешен сопруг, францускиот актер Венсан Касел.

По некое време на црвениот тепих се појави и Касел, кој се поздрави со поранешната сопруга. Моника цело време се смешкаше, но гледаше директно кон фотографите.

Моника и Венсан беа во брак од 1999 до 2013 година и имаат две ќерки Дева и Леони.

Венсан Касел во Венеција дојде со три децении помладата сопруга Тина Кунаки.