Есенски моден тренд: Со кошула на работа


Жените на работа можат да доjдат-само во кошула. Должината може да биде мини или миди, но кроевите и материјалите од кои се сошиени одговараат на машките модели- бидејќи од нив се инспирирани.

Тоа омилено парче облека е „зачнат“ во  време на економската криза во 30-тите години на минатиот век. Тогаш компанијата „Мекмулен“ лансирала женска линија на фустан-кошула, а моделите од памук со крагна и копчиња по целата должина поради својата практичност за кратко време го освоиле пазарот.

Зара тоа францускиот дизајнер Диор ги вметна во колекцијата „Нов изглед“ во 1947 година и оттогаш тој тип фустани е класика во женскиот гардеробер. Зависно од модните додатоци, може да се носат во сите дневни, па и во вечерни пригоди.