Во ноември се избира маж на годината во Македонија


Oваа година по втор пат ќе се избираат мажи на годината во Македонија. Настанот ќе се одржи на 27 ноември, во еден од најлуксузните хотели кај нас Double Tree by Hilton.

Изборот на Мажи на годината кој е во организација на онлајн магазинот за мажи Friday.mk и агенцијата за органзирање на настани Momentum Inc. има за цел да ги награди најуспешните мажи кај нас и да влијае во во иднина на личниот и професионалниот план кај секој од нив.

“ И оваа година ќе ги избираме 10-те најуспешни мажи во 10 категории, од кои и главната за Маж на годината за 2019. Во изборот на најуспешните гласа жири комисија составена од новинари, бизнисмени, компании, уметници, спортисти и асоцијации и зддруженија кои заедно со нас ќе го препознаеме трудот, работата, активностите и на најуспешните од нив да им дадеме призание со што ќе претставува поттик во иднина за секој од нив.“ – изјавија организаторите.

Лани за маж на годината беше избран д-р Владимир Чадиковски,  а добитници по категории беа уште и бизнисмените Живко Мукаетов, Душко Чифлиганец и Трифун Костовски, амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, Ѓорче Ставрески, спортистот Кире Лазаров, министерот за надворешна работи Никола Димитров и водителот Огнен Јанески.

Изборот  е поддржан од страна на Сојузот на стопански комори на Македонија и Асоцијацијата на менаџери на Македонија.