Црвен ќилим во Венеција: Скарлет Јохансон ги покажа тетоважите


Италија- Холивудската ѕвезда Скарлет Јохансон (34) ги покажа тетоважите на црвениот килим на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција. Облечена во деколтирана светкава црвена тоалета го привлече вниманието на фоторепортерите како една од актерките од А-листата од Холивуд.

Јохансон глуми во филмот „Брачна приказна“ на Американецот Ноа Баумбах кој е во трка за „Златниот лав“ меѓу 20 филмови.

Јохансон има уште една причина за славење. Пак е на врвот на списокот за најплатени актерки според списанието „Форбс“. Таа заработила 56 милиони долари за минатата година. Актерката, исто така, го зеде првото место на табелата, заработувајќи 40,5 милиони долари помеѓу јуни 2017 и јуни 2018 година.

Како што забележува Форбс, улогата на „Црна вдовица“ во „Одмаздници“ се покажа како особено профитабилна улога за Јохансон – оваа улога го зголеми приходот на актерката за четири пати.

Според магазинот, оваа година најголем дел од нејзините приходи доаѓаат од плаќање надоместоци за настап во филмскиот универзум на „Марвел“ – повторно, „Црна вдовица“ и „Одмаздници: Крајот“.