Актерот како турист: Бред Пит пристигна во Венеција


Италија– Холивудската ѕвезда Бред Пит пристигна со чамец на Венецискиот филмски фестивал облечен како турист, во фармерки, маица и со шапка. Актерот во Венеција го промовира филмот „Ад астра“ , првиот излет на наградуваниот режисер Џејмс Греј во научна фантастика. Филмот ќе почне да игра во кината од 20 септември.

Пит е актуелен со филмот на Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“ кој имаше канска премиера.

За време на одржувањето на фестивалот на црвениот тепих ќе се прошетаат многу ѕвезди како Мерил Стрип, Џони Деп, Скарлет Јохансон и Роберт Патинсон. Најавено е дека постои можност пред крајот на фестивалот во Венеција да пристигне и Мик Џегер.

Мостра ќе трае до 7 септември  а за „Златниот лав“  се натпреваруваат 21 филм.