Ед Ширан ќе паузира од музиката 18 месеци


Англија- Британската поп-ѕвезА д Ед Ширан објави дека ќе се одмори од музиката 18 месеци, откако успешно ја заврши својата најголема светска турнеја со концерт во Ипсвич, Велика Британија, пишува „Индипендент“.

Турнејата на пејачот траеше повеќе од две години. Од март 2017 година, Ширан направи 280 концерти, од кои едниот беше на фестивалот „Гластонбери“.

„Драго ми е што сте тука и шоуто завршува токму во Ипсвич. Ова ќе биде мојот последен концерт за околу 18 месеци“, рече тој за време на неговиот настап.

Бројките покажуваат дека Ширан за време на неговата голема турнеја пеел пред вкупно 9 милиони луѓе.

„Крајот на оваа турнеја е како разделба со момче со кое сте биле со години“, додава тој.

Турнејата на Ширан стана најголемата досега во историјата на музиката, која донесе повеќе од 775 милиони долари и 8,9 милиони билети продадени низ целиот свет.