Зендаја е лице на новиот парфем на Ланком: Со „Идол“ сите ќе ве запамтат


САД– „Ланком“  ја претстави кампањата за својот нов парфем насловен Idole, а главно лице на кампањата е холивудската ѕвезда Зендаја. Кампањата го носи мотото “I can, we will”.

Новиот мирис е веќе достапен во продажба. Главна нота се розите од Турција кои се одгледуваат исклучително за брендот Lancome, а тука се и нотите од бергамот, крушка и индијски јасмин. Шишето е стаклено, со минималистички дизајн и е најтенок што досега сте виделе.

Зендаја е најавена како амбасадорка на францускиот козметички бренд на почетокот на оваа година, а лице за парфемот Idole таа стана минатиот месец.

-Idole е парфем кој има значење. Ми се допаѓа што е свеж и лесен. Многу сум специфична кога станува збор за парфемите, а Idole мириса прекрасно, изјави Зендаја.

Го мириснавме парфемот. Фантастичен е !