Невеста во „Клое“: Се омажи поп-ѕвездата Ели Голдинг


Англија- Поп-ѕвездата Ели Голдинг се омажи со експертот за уметност Каспар Џоплинг, човекот со кој беше во врска повеќе од две години. Таа беше облечена во многу убав фустан со долги ракави на брендот „Клое“. Триесет и двегодишната пејачка нежно ја стилизирала косата со ниска пунџа и неколку пуштени прамени.

Церемонијата се одржа во позната катедрала во Британија и продолжи со забава во замокот „Хауард“, на 15 км од Јорк. На настанот не изостанаа познати личности и од шоу-бизнисот и од кралското семејство.

Еден од кумовите на дваесет и седумгодишниот трговец со уметност беше Џек Бруксбанк, сопруг на принцезата Јуџин, а вечерта присутните ги забавувал Џејмс Блант.

Други познати личности што присуствувале биле и Кети Пери и Орландо Блум, Сиена Милер и Сара, војвотката од Јорк.