Мајка на ученик нападнала учителка на родителска


Инцидент во училиште во скопски Аеродром. Мајка на ученик нападнала наставничка за време на родителска средба.  – На 15.04.2026 во 22:10 часот во СВР Скопје, К.К.Л. од Скопје пријави дека околу 17:00 часот во училница во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, додека заедно со нејзина колешка одржувале родителска средба, М.М.Г. од Скопје (мајка […]

Се асфалтира крак од бул „Трета македонска бригада“


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на кракот на бул. „Трета македонска бригада“ (кај Метро). Станува збор за проект со кој за првпат темелно се обновува овој значаен сообраќаен потег во Општина Аеродром. Делницата е во должина од 777 метри, со поставување на околу 6.000 м² […]

Сакура Фестивал во Аеродром – културно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција


На 18 април 2026 година (сабота) во парк „Авионче“ ќе се одржи Sakura Festival – културно-едукативен настан чија цел е да ја доближи јапонската традиција, уметност и филозофија до локалната публика преку внимателно осмислена и содржајна програма. Настанот ќе се реализира во периодот од 12:00 до 15:00 часот и претставува синергија на едукативни, културни и […]

Муцунски и Прево трчаа на скопскиот кеј


Министерот за надворешни работи заедно со белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево утрово реализираа утринско трчање низ Скопје, во должина од шест километри. Како што беше споделено на социјалните мрежи, денот започнал со поинаков, неформален пристап, комбинирајќи спортска активност и дипломатска комуникација. Трчањето низ градот било искористено како можност белгиската делегација да се запознае со […]

Без вода корисници на ул.„Капиштец“


За корисниците од ул.„Капиштец“ бр. 21 за денеска од 9 часот е најавен прекин во снабдувањето со вода. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека причина за прекинот во водоснабдувањето е  дефект на ул. „Капиштец“ 21, а ќе трае до завршување со санацијата.

По седум месеци пауза, денес Вардариште повторно гореше!


По протестите и јавниот притисок што се случуваа кон крајот на минатата година, Вардариште не гореше цели седум месеци, но денес повторно сме сведоци на истото сценарио: чад, загадување, тешка миризба и директна закана по здравјето на граѓаните. Ова е последно предупредување од наша страна! – велат од Стоп за Вардариште, кои и ја пласираа […]

Ѓорѓиевски ги прошета колегите од Кемниц, Гориција и Нова Горица низ Скопје


Во посета на Скопје, денеска се градоначалниците  од Германија (Кемниц), Италија (Гориција) и Словенија (Нова Горица), а скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ги прошета низ главниот град, кој се подготвува да биде Европски град на културата во 2028 година. „Заедно со градоначалниците Само Турел, Радолфо Зиберна, Џозефин Хаге, како и со Бен Нупнау – вршител на […]

Грејната сезона завршува, греењето продолжува под нови услови


Грејната сезона официјално завршува на 15 април 2026 година, информира Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ), по што започнува т.н. преоден период кој ќе трае до 30 април. Според правилата, греењето нема целосно да запре, туку ќе се активира само под одредени услови. Доколку прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) покаже дека средната дневна температура […]

(Фото) Падна дел од фасада во Капиштец, нема повредени


Делови од фасада на зграда во Капиштец, на улицата „Народен фронт“, се гледаат на патеката која поминува покрај зградата, во која, на приземјето е сместена банка.  Долги делови од фасада, дебели околу 10-тина сантиметри се паднати по бетонската патека која ја окружува зградата, а која е фреквентна преку ден, со оглед на тоа дека во […]

Без струја дел од корисниците од Кучково


Без струја денеска ќе останат дел од корисниците на село Кучково, соопшти РЦУК. -Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 15.04.2026 година (среда) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од село Кучково (Општина Ѓорче Петров), стои во соопштението на РЦУК. 

Градоначалниците на Европските престолнини на културата за 2025 во посета на Скопј – ќе се разменуваат искуства


Во среда, 15 април, претставници на локалните власти од Кемниц (Германија), Горица (Италија) и Нова Горица (Словенија) ќе го посетат Скопје за низа заеднички активности со Градот Скопје, со цел да споделат искуства поврзани со титулата Европска престолнина на културата (ЕПК), која Скопје ќе ја има во 2028 година. Програмата ќе започне во 10 часот со состанок на […]

Без вода делови од улицата Ѓорѓи Абаџиев


 Поради изведување водоводен приклучок ф-80мм на улица Ѓорѓи Абаџиев 17, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. 

Градоначалникот Ѓорѓиевски со ароганција ги обвинува вработените на ЈСП, тврди Левица


  Партијата Левица преку соопштение денеска изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, продолжува со „недозволиво ниво на ароганција и неодговорност“ обвинувајќи ги вработените во ЈСП „Скопје“ дека со своите тужби го блокирале претпријатието. Работниците по судски пат да ги бараат своите загарантирани права. „Ваквиот пристап претставува опасен обид да се криминализира легитимното барање на […]

Улицата „Самарџии“ се реконструира за враќање на сјајот на Старата чаршија


Општина Чаир денеска почнува со реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и уште пет помали краци и улици во Старата чаршија, проект кој има за цел да го врати сјајот на еден од најавтентичните урбани простори во Скопје. Како што соопштуваат од локалната самоуправа, на настанот се очекува обраќање на градоначалникот Изет Меџити, кој ќе ги презентира […]

Град Скопје исплатил околу 750.000 евра за напади од бездомни кучиња во 2025 година


  Град Скопје во текот на 2025 година исплатил околу 750.000 евра оштета на граѓани поради напади од бездомни кучиња, при што биле поднесени стотици тужби и судски одлуки за надомест на штета, покажуваат податоци објавени од повеќе домашни медиуми и институционални извештаи. Според официјалните податоци, од јануари 2025 до јануари 2026 година се поднесени […]

Без вода дел од село Бардовци


Поради дефект на приклучна цевка на ул.10 во Бардовци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од с.Бардовци. Како што информираат од Дежурно-информативен центар на ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:10 часот до санирање на дефектот.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден


По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.  Како што информираат од МВР во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата по […]

Првите автобуси за градскиот превоз Николоски ги очекува во септември


Скопје од септември треба да ја добие првата делница од проектот за Градски воз, кој ќе сообраќа на релација од Зелениково до Транспортниот центар, како и првите 30 нови автобуси, доколку успешно заврши тендерската постапка, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој во гостување во емисијата „Само интервју“ посочи дека тендерот за набавка […]

Затворени улици и делови од булевари околу црквите утре за Велигден


По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” утре, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, информираат од МВР. Од таму посочуваат дека утре во периодот од 18:00 часот па до завршувањето […]

Без струја корисниците од улица Ресенска во Чаир


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:дел од корисниците од ул. Ресенска, во Општина Чаир.  Како што соопшти РЦУК Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со струја ќе биде во периодото од 08:30 до 10:00 часот.