„Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје
„Ќе имате можност да уживате во македонски шлагери инспирирани од домашната кинематографија од седумдесеттите години до денес, како и во безвременски мелодии од светските филмски класици, претставени во моќно и современо симфониско издание“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
На концертот ќе настапат Сонора Колектив оркестар и вокалните солисти Иван Наумовски и Елена Васова. Влезот е слободен.
„Оваа манифестација стана традиција. Првото издание лани привлече голем инетерес, што покажува дека ваквите настани му се потребни на Скопје. Во летните денови тие го раздвижуваат градот и ги сплотуваат граѓаните. Се надевам дека и годинава ќе го имаме истото силно и емотивно доживување,“посочи Герасимовски.
Проектот е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.