Сончево со мала до умерена облачност и слаб северен ветер, сообраќајот по суви коловози


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во претпладневните часови понекаде со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Скопје и уколината утрово со појава на магла и ниска …

Сончево со мала до умерена облачност и слаб северен ветер, сообраќајот по суви коловози Read More »

Даниловски и Пановски за МИА: Ќе успее ли здравствениот систем да се справи со „цунамито“ КОВИД-19?


Околу 900 ковид-пациенти се хоспитализирани во болниците низ државата. Од 150 пациенти на Инфективна клиника Скопје, дури 130 се на кислородна поддршка. Во ГОБ „8 Септември“ три лица се на респиратор. Ќе успее ли нашиот здравствен систем да се справи со овој налет на есенскиот бран? Дали нашата држава има доволно болнички и кадровски капацитет, опрема и материјали да го издржи „цунамито“ Ковид …

Даниловски и Пановски за МИА: Ќе успее ли здравствениот систем да се справи со „цунамито“ КОВИД-19? Read More »

Се бара решение за напливот на болни од КОВИД-19, апели да се почитуваат мерките за заштита


Состојбата со коронавирусот е крајно сериозна. Бројот на новозаразени пациенти со Ковид-19 секојдневно расте, а болничките капацитети забрзано се пополнуваат. Целосно се исполнети капацитетите на Инфективната клиника, модуларната болница, а во функција е ставена институцијата Центарот за белодробни болести каде се уште има капацитети. Отсега целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за третман …

Се бара решение за напливот на болни од КОВИД-19, апели да се почитуваат мерките за заштита Read More »

Ставија асфалт на „Васил Ѓоргов“, не поминаа ни два дена, пак ја прекопаа


Неколку дена по завршување на комплетната реконструкција на улицата „Васил Ѓоргов“ во центарот на Скопје, повторно е раскопана, веројатно заради некоја подземна инсталација. Градоначалникот Петре Шилегов, неколкупати порано ветуваше дека кога некоја улица ќе биде реконструирана сите компании кои треба да постават подземни инсталации ќе бидат известени, за тоа да го направат пред асфалтирањето, а …

Ставија асфалт на „Васил Ѓоргов“, не поминаа ни два дена, пак ја прекопаа Read More »

За задушница зголемен број автобуси што одат до гробиштата „Бител“


Град Скопје информира дека и утре, како и денеска кон гробиштата „Бутел“ ќе сообраќаат повеќе автобуси, за да можат граѓаните да стигнат без метеж и безбедно. Имено, поради верскиот празник Задушница, и во сабота , на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара-Гробишта „Бутел“), 59А (Ново Лисиче-Гробишта „Бутел“) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта „Бутел“) ќе сообраќаат дополнителен …

За задушница зголемен број автобуси што одат до гробиштата „Бител“ Read More »

Аеродром со повеќе од 1.000 заразени е на врвот од скопските општини


  Со денешните 569 новозаразени во Скопје, неколку општини имаат всок број активно заболени од Ковид-19, но Аеродром продолжува да биде скопска општина со најмногу болни. Имено, во Аеродром има 1.021 активен случај со Ковид-19. Следуваат Карпош со 892, па Центар со 848, а Гази Баба има 847. Кисела Вода и Ѓорче Петров имаат по …

Аеродром со повеќе од 1.000 заразени е на врвот од скопските општини Read More »

Повторно многу заразени – нови 1.128 случаи на КОВИД-19, починаа 12 лица, оздравеа 307


Во последните 24 часа се направени 3.082 тестирања, а регистрирани се 1.128 нови случаи на КОВИД -19. Од нив во Скопје-569, Куманово-51, Дебар-12, Штип-35, Прилеп-43, Тетово-50, Струга-16, Велес-45, Битола-57, Охрид-38, Кавадарци-35, Гостивар-10, Гевгелија-14, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-11, Крушево-2, Кочани-22, Пробиштип-5, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-4, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-8, Кичево-27, Ресен-7, Неготино-8. Институтот …

Повторно многу заразени – нови 1.128 случаи на КОВИД-19, починаа 12 лица, оздравеа 307 Read More »

Вакцинацијата против сезонски грип почнува во вторник, најави Филипче


Сите вакцини против сезонски грип стигнаа и вакцинацијата ќе започне од вторник, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. За време на викендот, посочи, ќе се направи дистрибуција, а веќе се подготвени пунктовите за вакцинација во Здравствениот дом и во центрите за јавно здравје.

Јово Вангеловски се луксузирал, но законски


Државната комисија за спречување на корупцијата ја запре постапката по предметот на претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски за набавка на службено возило во вредност од 40 илјади евра, бидејќи по добиените информации се утврдува дека јавната набавка е целосно законска и не може да се утврдат никакви неправилности. Членот на ДКСК Нури Бајрами, кој го …

Јово Вангеловски се луксузирал, но законски Read More »

ДКСК: Има пропусти и слабости во законите што дозволуваат неказнето именување и разрешување в.д. директори


Државната комисија за спречување на корупцијата бара отворање на дебата за предвидување прекршочни одредби, бидејќи има прописти и слабости во законите за локална самоуправа и за јавни претпријатија што дозволуваат да продолжи неказнето именувањето и разрешувањето вршители на должност директор, било на централно или локално ниво. Членот на ДКСК Нури Бајрами, кој на денешната 40-та …

ДКСК: Има пропусти и слабости во законите што дозволуваат неказнето именување и разрешување в.д. директори Read More »

Царовска: Со планско градење и инвестиции обезбедуваме пристап до образование на секое дете


Методологијата за прераспределба на општинските буџети за основните училишта, изработена од Здружението на истражувачи и аналитичари – ЗМАИ, поддржано од Фондација Отворено општество, според МОН, ги дава најважните сегменти во кои треба да се насочат инвестициите за да се подобрат инфраструктурните услови во основното образование. На денешната презентација на истражувањето, министерката за образование и наука …

Царовска: Со планско градење и инвестиции обезбедуваме пристап до образование на секое дете Read More »

Заев: Се уште не се размислува за полициски час и карантин


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште нема показатели кои би укажувале дека е потребно да се воведе полициски час или карантин поради пандемијата со корона-вирусот. Јас лично, рече Заев, сум против вакви мерки, но не е исклучено да се донесат, доколку Комисијата за заразни болести процени дека се потребни и ги препорача. Со …

Заев: Се уште не се размислува за полициски час и карантин Read More »

Филипче: Не излегувајте од дома


Mинистерот за здравство Венко Филипче ги повика граѓаните да не излегуваат од дома ако немаат суштинска потреба бидејќи ситуацијата е сериозна. „Состојбата е крајно сериозна, здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот. Да се заглагодарам на сите здравствени работници за натчовечките напори. Знам дека се преморени, но верувам дека ќе одговориме на овој …

Филипче: Не излегувајте од дома Read More »

Од викендот стабилно и суво, со пониски утрински температури, некаде и под нулата


Стабилно и суво време но со пониски утрински температури, каде наместа ќе се спуштат и под нулата, не очекуваат за време на викендот и почетокот на  наредната недела. Од УХМР информираат дека од денеска следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури. Од недела ќе има услови за претпладневна магла по одделни …

Од викендот стабилно и суво, со пониски утрински температури, некаде и под нулата Read More »

Целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за пациенти со Ковид-19


 Во последните неколку недели имаме буквално експлозија на вирусот, како кај нас, така и во регионот и во цела Европа. Имајќи го предвид брзото пополнување на болничките капацитети го активиравме нашиот план за обезбедување дополнителни капацитети и сега целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за третман на пациенти со Ковид-19, рече денеска на …

Целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за пациенти со Ковид-19 Read More »

Стевановиќ: Пациенти со средно тешка форма на Ковид-19 се лекуваат 16 дена


Во просек, пациенти со средно тешка слика на Ковид-19 се лекуваат 16 дена. Потешките случаи подолго од тоа, па и пред да бидат испишни од болница може да се негативни на болеста, но нивната состојба е тешка, па не може веднаш да се пуштет од болница, вели Милена Стевановиќ, директорка на Инфективната клиника. – Смртноста …

Стевановиќ: Пациенти со средно тешка форма на Ковид-19 се лекуваат 16 дена Read More »

Филипче: Брзо се пополнуваат болниците, дополнителни рестрикции нема


До денеска во Македонија од Ковид-19 заболеа 36.372 лица, информира министерот за здравство Венко Филипче, кој забележа дека есенскиот бран дополнително ги зголеми бројките и го стави здравствениот систем на тест. Сепак, по разговорите со комисијата за заштита од заразни болести, нема да има дополнителни рестрикции, но Филипче апелира да се почитуваат мерките и да …

Филипче: Брзо се пополнуваат болниците, дополнителни рестрикции нема Read More »

Воздухот во октомври бил загаден речиси исто колку лани, засега планот за чист воздух нема ефект


Новата мерна станица во Гевгелија, како и тие во Битола, Тетово и Куманово се единствените, од вкупно 19 мерни места кои ги мерат сите шест полутанти и даваат целосна слика за состојбата со загадувањето на воздухот во овие градови. Иако сезоната на аерозагадувањето зема залет, граѓаните сè уште секаде немаат точни и навремени податоци за …

Воздухот во октомври бил загаден речиси исто колку лани, засега планот за чист воздух нема ефект Read More »

ФИТР: Центар Жупа, Боговиње, Свети Николе, Прилеп и Куманово ќе воведат електронско плаќање сметки


Фондот за иновации и технолошки развој и УНДП успешно реализираа јавен повик за дигитализација на општините – пилот, чија цел е полесен пристап и поквалитетни услуги на локално ниво преку развој на дигитални алатки и решенија. Избраното решение на компанијата Ентер од Охрид – Е-платформа LUCA E-LSG PLATFORM – ќе ги опфати алатките за Воспоставување …

ФИТР: Центар Жупа, Боговиње, Свети Николе, Прилеп и Куманово ќе воведат електронско плаќање сметки Read More »