Стевановиќ: Пациенти со средно тешка форма на Ковид-19 се лекуваат 16 дена


Во просек, пациенти со средно тешка слика на Ковид-19 се лекуваат 16 дена. Потешките случаи подолго од тоа, па и пред да бидат испишни од болница може да се негативни на болеста, но нивната состојба е тешка, па не може веднаш да се пуштет од болница, вели Милена Стевановиќ, директорка на Инфективната клиника.

– Смртноста со зголемување на бројот, со пребукирање на болничките капацитети, од самиот почеток инсистиравме на почитување на мерките. За жал изгубиме млади и релативно млади луѓе, дел од нив со коморбидитети. Ние не сфаќаме сериозно дека обезноста е сериозен ризик за тешка слика на Ковид-19. Ние сите како нација имаме по килограм, два вишок, но кај оние со повеќе вишок килограми Ковид-19 се манифестира многу потешко – појасни Стевановиќ.